Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Иницијативниот одбор на тутунарите бара поголема динамика на откуп и средба во Министерството за земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Иницијативниот одбор на тутунарите бара поголема динамика на откуп и средба во Министерството за земјоделство
Агровести

Иницијативниот одбор на тутунарите бара поголема динамика на откуп и средба во Министерството за земјоделство

Објавено 01/02/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако не се зголеми динамиката, не може да се дооткупи тутунот во наредните 20 работни дена, велат од Иницијативниот одбор на тутунарите и бараат средба во Министерството за земјоделство.

Според Игор Мирчески од Иницијативниот одбор, за откуп се останати околу 7.000 тони од договорените 23.200 тони тутун и уште околу 4.000 тони вишок кои со сегашната динамика која се намалува, не може да се дооткупат во законскиот рок до крајот на февруари.

За откуп остануваат уште 20 работни дена за откуп, а досега се откупени околу 16.500 тони со просечна цена од 166 денари.

– Од договорените 23.200 тони, останувата уште околу 7.000 тони. Во меѓувреме се пријавени околу 3.500 тони вишок, а до петти февруари, кога е крајниот рок за пријавување, се очекуваат околу 4000 тони. Уште 11.000 тони треба да се купат во 20 работни дена, што е малку со оваа динамика. Од заклучоците што ги потпишавме со министерот за земјоделство, ниту една точка не е постигната. Остана последната, на 75 проценти откупен договорен тутун, да се состанат Министерството, Инспекторатот, откупувачите и Сојузот на земјоделските здруженија, за да ја разгледаат проблематиката. На теренот имаме влошување. Се откупува според шифри, се враќаат тутунарите, не се купува во четврта класа, процената не е реална, се декласираат класите тутун. Бараме итна средба во Министерството за земјоделство со откупувачите, со Инспекторатот да се најде начин како овие останати 11 милиони килограм, да се преземат што може најбрзо, рече Мирчески.

Тој обвини дека откупувачите свесно ја намалуваат динамиката и создаваат тензии.

Најпроблематично е во Долненско каде има производство од 9 000 тони, а досега се купени само 35 насто. Еџевит Ајдароски, тутунопроизводител од Долненско нагалсува дека се чека со денови на откуп, фирмите ограничено купуваат, има несакани ситуации.

-Од почетокот е проблематичен откуп на тутунот во Долненско.  Откупувачите не ја зголемуваат динамиката, а од 9 000 тони се откупени само 35 насто. Во фирмите имаат наредби да купуваат дневно само три тони. Никој не сака да купи во четврта класа. Кога сакавме да ја укинеме, ни рекоа стои во договорите, а сега не сакаат, изјави Ајдароски.

Од Иницијативниот одбор бараат во македонското Собрание да се расправа за состојбите и средствата за тутунарите во петтиот пакет мерки да се дадат по килограм предаден тутун.

-Бараме точката за откупот на тутунот и проблемите, за што комисиски се расправаше, да влезе на дневен ред во Собранието и да не поканат за да кажеме какви се проблемите, а не политичарите. За кратко ќе се потпишуваат договорите за новата реколта и ако не се решат проблемите совреме, на иста реколта ќе наидеме како оваа. Не знаеме колку средства се одделени за тутунарите во петтиот сет економски мерки. Да бидат распределени по килограм произведен и прераден тутун, изјави Мирчески.

Иницијативниот одбор на тутунарите останува на барањето за 100 денари субвенции за сите класи. Се најавува и формирање земјоделски здруженија.

MИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:динамикаМинистерство за земјоделствооткуптутун
Претходен напис Планот за есенската сеидба во поширокиот велешки регион реализиран 100 отсто, посевите добро напредуваат
Следен напис Велешка Маслодајна ги поттикнува земјоделците да го зголемат производството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?