Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во април започнува пријавувањето за субвенции, новите земјоделци до 15 март да се запишат во ЕРЗС
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во април започнува пријавувањето за субвенции, новите земјоделци до 15 март да се запишат во ЕРЗС
АгровестиСубвенции

Во април започнува пријавувањето за субвенции, новите земјоделци до 15 март да се запишат во ЕРЗС

Објавено 28/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне почеток на април. Точниот датум ќе го соопшти Платежната агенција но она што е сигурно е доколку сте нов корисник на земјоделски субвенции, до 15 март треба да се запишете во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Доколку почнувате да се занимавате со земјоделско производство, за да може да станете корисник на финансиска поддршка за субвенции и мерките од рурален развој, прво што треба да направите е да се запишете во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Истото важи и за досегашните корисници доколку имате одредени промени во стопанството до 15 март треба да ги ажурирате податоците.

Тоа значи дека треба да отидете во подрачната единица на министерството за земјоделство, во местото на живеење евидентирано во личната карт, за да се запишете во ЕРЗС.

Барање за упис може да се поднесе секој работен во текот на годината. Образецот – барање како и листата на потребни документи се подигаат во подрачната единица на министерството каде и ќе ви помогнат околу целата постапка.

На овој начин, вие влегувате во систем како земјоделско стопанство и исполнувате еден од условите да станете корисник на субвенции и мерките од програмата за рурален развој.

Останува да ги следите и запазите роковите за пријавување за финансиска поддршка кои редовно ги соопштува Платежната агенција, а информации можете да добиете и во подрачните канцеларии на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На Агротим ќе ги имате сите информации поврзани со пријавувањето на субвенциите и аплицирањето за мерки од Програмата за Рурален развој и ИПАРД.

Може да ви се допадне

Седница на Потсекторската постојана група за жита во МЗШВ
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
Црвена етикета за „лажните млечни производи“
Нафтата нагло поскапе на светските берзи, Брент над 97 долари за барел
Таг:меркисубвенциитрактори
Претходен напис Сирење со врвен квалитет и вкус кој потсетува на кајмак – Ново во Етно село во блзина на Врање
Следен напис Рурален развој: Започна уште еден крупен капитален проект во општина Виница, инвестиција во вредност од 24 467 715 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?