Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Во земјава годинава ќе се забрани увозот на половни возила со стандард под ЕУРО 5
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Во земјава годинава ќе се забрани увозот на половни возила со стандард под ЕУРО 5
Агровести

Бектеши: Во земјава годинава ќе се забрани увозот на половни возила со стандард под ЕУРО 5

Објавено 27/01/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“ најави дека годинава ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови.

„Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување на плински уреди во возилата“, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Воедно, тој најави дека владата планира да спроведе две дополнителни мерки со кои би се обновил возниот парк. Првата мерка предвидува воведување на субвенции за купување на хибридни возила од граѓаните, како надополнување на постојната мерка за даночно олеснување при увозот на овие возила. Втората мерка ќе даде можност за директна финансиска помош за оние граѓани кои ќе се одлучат да ги заменат возилата со под ЕУРО 4 стандард со нови автомобили со ЕУРО 5 или 6 стандарди.

„Мета.мк“ веќе неколку месеци наназад пишува дека треба да се преземат мерки за да се подобри состојбата со постојниот возен парк, чија просечна старост во 2019 година изнесувала 19,3 години. Првиот глобален Извештај за влијанието на половните возила врз животната средина „Половни возила и животна средина“ на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) ја вброи Македонија во групата на земји со „слаби“ политики за регулирање на увозот на половни возила.

Најновите податоци на Царинската управа на РСМ за 2020 година покажаа дека лани во земјава влегле 29.052 автомобили, при што 82,2 отсто од нив биле половни. Иако нивниот број во однос на 2019 година е намален, сепак ланскиот увоз на половни возила во земјава се движи во рамките на просекот на влезени вакви возила на годишно ниво во изминатава деценија. „Мета.мк“ направи и инфографик за тоа колкав е уделот на половните автомобили во вкупниот увоз на возила во земјава.

Конечно, истражувањето за влијанието на сообраќајот врз загадувањето на воздухот во Скопје на Центарот за климатски промени предводено од проф. д-р Дејан Мираковски, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип покажа дека помалку азотен двооксид (NO2) и ПМ-2.5 честички сме дишеле во Скопје во периодот на карантин од 18 март до 26 мај 2020 година, во споредба со истиот период од 2019 година.

„Имајќи ги во предвид промените во интензитетот и временскиот распоред на сообраќајот, во периодот пред и за време на КОВИД 19 кризата, а врз основа на извршените статистички анализи, учеството на сообраќајот во вкупното аерозагадување со азотни оксиди може да се процени во рангот од 25 до 35 отсто, додека во загадувањето со суспендирани цврсти честички-фракција РМ 2.5, некаде во рангот од 5 до 15 отсто“, се вели во заклучокот на ова истражување, за кое повеќе може да се прочита овде.

Извор: Мета.мк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БектешиЕУРО 5половни автомобилиувоз на автомобили
Претходен напис АХВ постапи по две нотификации за увезен небезбеден сусам од Индија
Следен напис Магарешко млеко – како се консумира и која е вистинската цена?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?