Основна препорака за производителите на коскесто овошје е зимското режење да го направат што е можно подоцна, бидејќи кај овие видови на овошки може да дојде до проблеми со мрзнењето.
Сега е вистински момент и за превземање на сите превентивни мерки за контрола на штетните организми, порачуваат агро стручњаците.
Препорака пред се е да се изврши дезинфекција на алатот и приборот за режење и тоа со потопување во раствор од варикина или 96% алкохол, поради тоа што предизвикувачите на болести се пренесуваат и преку алатите.
Во превентивни мерки спаѓа и режењето на заразените делови на стеблото на растението, со патогени (Erwinia amylovora, Pseudomonas syringe pv.syringe, Nectria galigena).
Исто така, при режењето треба да се отстранат сите заостанати плодови од претходната година, исушените делови па дури и ако е потребно и да се отстранат целосно стеблата, доколку симптомите се присутни и таму, поради тоа што тие во претстојната вегетација претставуваат извор на инфекции и понатамошно ширење и развој на штетни организми.
Заразените растителни делови потребно е да се изнесат од овоштарникот и да се запалат. Во овоштарниците кои во текот на вегетацијата биле заразени, габите ќе предизвикаат сиви дамки на листот и краставост на плодот на јаболка (Venturia inequalis), сива краставост на крушата (Venturia pirina),и пламеница на сливата (Polystigma rubrum). Со цел разгранување на лисната маса и намалување на инфективниот потенцијал на овие патогени, препорака е да се изврши третман на опаднатите лисја со 5% раствор од уреа.
Активност на обичната крушкова болва во насадите со круши
Со визуелен преглед на насадите регистрирано е присуство на имаг, презимувачка генерација на обичната крушкова болва (Cacopsylla pyri) во индекс на напад 2,5. Присуството на јајца не е забележано, објавуваат агростручњаците.
Тие потсетуваат дека порастот на темепратурата влијае на почетокот на активноста на овој штетник. Со оглед дека се прогнозираат слични временски услови во наредниот период се очекува почеток на полагање на јајцата.
За сега не се препорачуваат хемиски мерки на заштита.
Извор: poljosfera.rs
