Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се враќа во сила Законот за акцизи, од полноќ бензините поевтини за два денара
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се враќа во сила Законот за акцизи, од полноќ бензините поевтини за два денара
Агровести

Се враќа во сила Законот за акцизи, од полноќ бензините поевтини за два денара

Објавено 22/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денара за литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се намалува за 13 денари и ќе изнесува 41,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот останува на исто ниво.

Како што сооптши Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), од ноќеска на полноќ цените ќе бидат: на ЕУРОСУПЕР БС – 95 61 денар на литар,  ЕУРОСУПЕР БС -98 63 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС 52,50, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50  и мазут М-1 НС 30,823 денари за килограм.

РКЕ всушност изврши усогласување на Одлуката од 18.01.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со Законот за акцизи. Одлуката за усогласување ја донесе зашто престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

-Поради истекување на важноста на Уредбата што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат се до донесување нова одлука, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:акцизибензинпоевтин бензинцена
Претходен напис Навиките за патување се сменети под влијание на Ковид-19 кризата: Туристите патуваат во помали групи, на планини, во рурални места и сакаат да истражуваат локални искуства и храна
Следен напис Се намали производството на јаболка во светот – Полска водечки регион во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?