Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АД ЕСМ: Врнежите ја отежнаа работата во рудниците во РЕК Битола, но снабдувањето со струја е стабилно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АД ЕСМ: Врнежите ја отежнаа работата во рудниците во РЕК Битола, но снабдувањето со струја е стабилно
Агровести

АД ЕСМ: Врнежите ја отежнаа работата во рудниците во РЕК Битола, но снабдувањето со струја е стабилно

Објавено 15/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Електрани на Македонија денеска соопшти дека обилните врнежи од снег ја отежнале работата во рудниците во РЕК Битола, но оти снабдувањето со струја е стабилно.

Во соопштението од компанијата се наведува дека од утрово во прекин е работата на Блок 2, но оти електрична енергија се испорачува и граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја. Во моментот се задоволуваат потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, хидроелектраните и ветерниот парк. Набавка на електрична енергија во моментот нема и не се планира.

– Врнежите од над 100 литри на метар квадратен и надојдената вода, предизвикаа застој во подготовките за поместување на траките кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до Термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3, и покрај сериозните предизвици со кои се соочува Комбинатот, велат од АД ЕСМ.

Како што додаваат, електроенергетскиот систем во земјава е стабилен.

–    Во услови кога Косово, делови од Србија, Романија се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија предизвикани од временските неприлики, македонскиот електроенергетски систем е стабилен. Ги повикуваме сите чинители, а особено политичките партии во земјава, да не создаваат страв и паника меѓу граѓаните. Актуелните раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола секојдневно решаваат проблеми што, за жал, и ден денес имаат длабоки корени во времето кога електроенергетскиот гигант беше раководен од структури кои пристапуваа несериозно и неодговорно кон електроенергетскиот систем, се наведува во соопштението од АД ЕСМ. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:есмРЕК Битоларудницисоопштение
Претходен напис (Видео)Совети за успешен бизнис во село – искуства на еден домаќин од Србија
Следен напис Дали замрзнатата риба е со послаб квалитет од свежата?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?