За време на корона кризата, земјоделско-прехранбената индустрија се покажа како една од најотпорните во тешки состојби. Шокот предизвикан од пандемијата бараше корективни мерки и го забрза развојот на трендовите како што се дигитализација, повеќе извори на информации за потрошувачите и преференци во врска со локалните производи.
И покрај фактот дека прехранбената индустрија како целина се покажа силна за време на пандемијата, тоа не е случај со месната индустрија. Така, повеќето од работниците заразени со корона вирусот биле од погоните за преработка и пакување месо, а африканската свинска чума (АСТ) создаде дополнителни проблеми. Овие причини се виновни за тоа што одгледувањето на свињи во Германија има сериозни проблеми.
По избувнувањето на АСТ, извозот запре, а пазарот на свинско месо беше нарушен. Според спроведената студија, експертите годинава очекуваат двоцифрен пад на производството на германски свињи, за најмалку 10 проценти.
Дополнително влијание има и намалувањето на потрошувачката на месо во Европската унија, а се очекува овој тренд да продолжи, особено кога станува збор за свинското месо. Авторите на студијата се загрижени дека месото нема да поевтини во продавниците, што може дополнително да влијае на помалата побарувачка.
Според истражувањето, учеството на германската месна индустрија во извозот се намалило од 25 на 22,7 проценти минатата година, што е најниска вредност од првото истражување спроведено во 2008 година.
„Тоа е двојна криза – избувнувањето на КОВИД 19 и АСТ им предизвикаа сериозни проблеми на фармерите“, рече д-р Кристијан Јанзе, еден од авторите на студијата.
И покрај фактот дека пандемијата им ја покажа на потрошувачите вредноста на локалните производи, тој смета дека 2021 година ќе биде тешка и за месната индустрија. Развојот на цените и пазарите, особено за овој вид месо, во најдобар случај ќе остане ист како и сега.
„Избувнувањето на АСТ за популацијата на домашни животни би било фатално. Ова е цел синџир на производство и вредности“, предупреди тој.
Според студијата, состојбата со производството на млеко е добра, а Jанзе тврди дека нема причина за загриженост. Домашната побарувачка е стабилна, а млекарниците не зависат од извозот како другите подсектори на прехранбената индустрија. Сепак, преработувачите на млеко мора да ги прилагодат своите продажни канали на условите на коронската криза.
Млечната индустрија минатата година ја задржа продажбата на рекордно ниво, а се проценува на околу 29 милијарди евра. На крајот, студијата покажа дека германската земјоделска индустрија ја затвори 2020 година со продажба од 8,6 милијарди евра, што е малку под рекордот во 2018 година.
Извор: Агроклуб
