Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува пријавувањето на вишокот тутун, Тутунскиот комбинат ќе ги купи количините на „Далија табак”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува пријавувањето на вишокот тутун, Тутунскиот комбинат ќе ги купи количините на „Далија табак”
Агровести

Почнува пријавувањето на вишокот тутун, Тутунскиот комбинат ќе ги купи количините на „Далија табак”

Објавено 14/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска тутунарите може да го пријавуваат вишокот тутун во подрачните единици на Министерството за земјоделство. Ова е дел од договорот постигнат на вчерашниот состанок со откупувачите и министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.

Подрачната единица – Прилеп веќе ги отвори шалтерите и ги објави известувањата.

-Веднаш може производителите да го пријавуваат вишокот тутун. Треба да се достават податоци: ИДБР број, име презиме и колку вишок тутун имаат. Тоа може да го направат и преку поверениците на вагите. Според првичните податоци, во земјава има од 2000 до 4000 тони вишок. Но, кога ќе ги собереме податоците, ќе имаме реална слика колкави се количествата вишок тутун. Со ИДБР бројот и преку системот ќе провериме дали тие проиводители имаат некаде неисполнет договор. Така ќе се знае колку е вишок што откупувачите ветија дека ќе го преземат, вели раководителот на Подрачната единица, Зоран Пачешкоски.

Прилепскиот тутутнски комбинат, пак, ги почна подготовките на документацијата за преземање 440 тони тутун, договорен со фирмата „Далија табак” која поради необезбедени средства не може да ги преземе.

Директорот на Тутунскиот комбинат, Кире Станкоски очекува од идната недела да се преземаат овие количества.

-Според постигнатиот договор на состанокот, овие два-три дена ќе ја средуваме документацијата со Министерството за официјално да може договорите од „Далија табак” да се префрлат на Тутунскиот комбинат. Со тоа ќе може тутунарите да остварат и право на субвенции. Очекуваме во текот на идната недела според планот, на петте откупни пунктови во Радовишко да се преземат околу 440 тони тутун. имаме средства да се платат и овие количества, вели Станкоски.

Од Сојзуот на земјоделските здруженија на Македонија велат дека има благо зголемување на динамиката на откуп. Од динамиката ќе зависи дали ќе се откупува тутун и во саботите. Се планира целиот род да се купи до крајот на февруари. Во спротивно, со одлука на Минситерството ќе се бара рокот за откуп да се пролонгира.

За откуп остануваат уште 60 проценти од родот. Просечната цена е околу 167 денари за килограм, а дневно се решаваат по два три случаи на Второстепената комисија. 

МИА

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Таг:вишок на тутуноткуппријавувањетутун
Претходен напис Поставени две агрометеоролошки станици во Општина Битола
Следен напис Угина жирафата Тобого од Скопската зоолошка градина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?