Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обилните врнежи предизвикаа поплавени земјоделски површини и куќи, следува постуден период
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Обилните врнежи предизвикаа поплавени земјоделски површини и куќи, следува постуден период
Агровести

Обилните врнежи предизвикаа поплавени земјоделски површини и куќи, следува постуден период

Објавено 13/01/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обилните врнежи од дожд предизвикаа зголемување на водостојот на реките, а наместа тие се излеаја од своите корита. Поради одрони, во прекин беше и сообраќајот на одредени патни правци. Синоптичарите за денеска попладне и за утре најавуваат нови врнежи, проследени со ветер и пад на температурите.

Поради продор на студена воздушна маса од север, се очекуваат локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат позастапени во западните делови каде тенка снежна покривка ќе има и на пониските места. Врнежите ќе завршат ноќта кон петок, кога ќе следува период со значително ниски температури. В петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата. Најстудено ќе биде наутро за време на викендот кога температурата во Малешевијата и во Пелагонија ќе се спушти и до -12 Целзиусови степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) вчера информираше дека се очекува сите водотеци да бидат натпросечни за овој период од годината, но со појавата на минусните температури од четврток, нивоата брзо да опаѓаат. Поради можните излевања на некои реки и дел на нивните притоки, препораката е граѓаните внимателно да се движат покрај водотеците, суводолниците и клисурите.

Излевањето на дел од реките беше причина за поплавување на обработливо земјоделско земјиште, а во некои села беа поплавени куќи и помошни простории.

Во општина Јегуновце беа поплавени три куќи во селото Раотинце, како и земјоделско земјиште во Туденце, Сиричино, Јегуновце и Раотинце.

Во Велес, каде исто така тече Вардар, засега ситуацијата е под контрола. Има мали излевања кај дел од шеталиштето на Кејот и во близина на кафеаната кај „Ингилизот“ во Градскиот парк и на мал дел од бавчите во Речани, но без поголеми штети. Кризниот штаб, како што изјави градоначалникот Аце Коцевски, ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со УХРМ и другите надлежни институции со цел да се реагира навреме и да не се дозволи излевање.

Во кумановско и Старо Нагоричане вчера нивоата на Пчиња и Крива Река се уште беа на високо ниво. По течението на Пчиња поплавено е земјоделско земјиште, седум-осум викенд куќички, три-четири индивидуални куќи за живеење и претежно помошни објекти како штали. Во Старо Нагоричане, Пчиња е излеана кај Меморијалниот Центар АСНОМ до мостот Коинце во должина од седум километри.

Обилните врнежи беа причина и за прекин на сообраќајот на одредени патни правци и пренасочување на возилата по алтернативни патишта. Според информацијата на „Македонија пат“, сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица, на делницата од Истибања до браната Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, се уште целосно во прекин. Лесните патнички возила се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Бигла – Делчево, а тешките товарни возила и автобусите преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелираа возачите да бидат внимателни и да ја прилагодуваат брзината кон зимските услови на патот поради појава на голомразица и влажни и лизгави коловози особено во раните утрински или доцните вечерни часови. Оттаму потсетуваат и на задолжителната обврска за зимска опрема на возилата.

– Оние возачи кои се уште не обезбедиле зимска опрема (синџири за снег или зимски гуми), потребно е веднаш да го сторат тоа, бидејки покрај санкциите предвидени со ЗБСП и можноста полицискиот службеник да ги отстрани од сообраќај, со не обезбедувањето на зимската опрема ја загрозуваат сопствената безбедност, но и безбедноста на сите други учесници во сообраќајот, посочија од РСБСП.

Поради најавените нови врнежи и ниски температури, вчера со препорака излезе и Агенцијата за храна и ветеринарство. На својата интернет страна, АХВ објави препораки во кои меѓу другото се апелира до фармерите навреме да обезбедат доволни количини храна и вода за животните и соодветно засолниште. Доколку не постои можност веднаш да се засолнат животните, привремено да се користа ќебиња или друг вид прекривки за нив но, притоа прекривките секогаш да бидат суви.

– Здравствената состојба на животните во вакви услови треба почесто од вообичаено да се следи, односно животните треба почесто да се посетуваат и набљудуваат. Молзните животни треба да се измолзуваат редовно, во вообичаените интервали. Кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта треба редовно да се чистат од снег или мраз. Одгледувачите на животни треба да се во комуникација со нивниот ветеринар, за дополнителен совет или доколку се потребни интервенции, се вели во препораките на АХВ.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ниски температуриобилни врнежипоплавиПрепоракиснег
Претходен напис Утре, нова средба на министерот Арјанит Хоџа со тутунопроизводителите и откупувачите
Следен напис Франција бара од ЕУ да се формира фoнд за помош на винарите!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?