Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Парижаните оваа година ќе рециклираат 120.000 стари божиќни елки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Парижаните оваа година ќе рециклираат 120.000 стари божиќни елки
Агровести

Парижаните оваа година ќе рециклираат 120.000 стари божиќни елки

Објавено 12/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секоја година после божиќните и новогодишните празници се поставува истото прашање: што да се прави со старите божиќни дрвца и каде да се остават? Париската градска управа повторно се погрижи на своите граѓани да им овозможи одлагање на старите елки на посебно означени места наместо тоа да се прави на јавните површини или пред зградите, пишува Ековесник.

Жителте на Париз, до 20 јануари своите стари божиќни дрвца ќе можат да ги остават на стотина посебно одредени локации, рамномерно распоредени на подрачја на целиот град, од каде ќе се упатат на рециклирање. Локациите се избрани да бидат во близина на местото на живеење и се отворени уште од 26 декември 2020. На овој начин секоја година се одлагаат се поголем број на елки, а многу е важно пред одложувањето од нив да се отстранат сите украси.

Во париската градска управа наведуваат дека старите елки ќе можат да се одлагаат и после 20 јануари и тоа до контејнерите за комунален отпад кои се наоѓаат пред зградите. Комуналните служби ќе ги соберат и дополнително оставените елки, а граѓаните се предупредуваат дека сите божиќни дрвца повисоки од 2,5 метри мораат да се пресечат на половина.

Градот Париз во соработка со продавачите на божиќни елки како и со управителите на стамбените згради, започнаа акција за собирање и рециклирање на стари елки со цел подигање на свеста за важноста на собирање на овој вид вреден отпад и низ градот можат да се видат натписи „Recyclons nos sapins“ (Да ги рециклираме нашите елки). Освен тоа, на мрежните страници на градот Париз поставена е интерактивна карта со означени локации на кои граѓаните можат да ги одложат своите стари дрвца.

Божиќните дрвца кои биле собрани на почетокот на 2020 во Париз овозможи да се обезбедат 2.300 m3 иситнет органски материјал кој се користел за збогатување на почвата и заштита на стеблата и цветовите во парковите. Гранките од елките се дробат на лице место, што значи дека нема превоз, а со тоа и нема загадување на воздухот. Иситнетите гранки и иглички од елките не се погодни за употреба во компостот, но идеални се за заштита на растенијата кои бараат кисела почва како и за ограничување на ширењето на коровот и тоа на еколошки начин. Старите божиќни дрвца на овој начин во Париз за прв пат почнале да се собирале и рециклирале во зимата 2007/2008 година кога на 65 различни локации биле собрани 15.000 елки. Благодарение на едукацијата на граѓаните и делотворното спроведување на оваа акција, 2019 година се собрани и рециклирани 97.356, а на почетокот на минатата година 115.250 божиќни елки.

Извор: agrobiz.hr

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Блаже Крстевски од Делчево, произведе „бела тиква“ тешка 32 килограми!
Следен напис Замрзнување и одмрзнување на месото – Со примена на неколку правила спречете го расипувањето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?