Кога ќе се спомене 2020 година, првото нешто по што ќе ја запомниме е корона вирусот, кој продолжува и понатаму да влијае врз сите аспекти од нашите животи. Тој остави трага и врз пазарот на свинско месо. Покрај тоа, избувнувањето на африканската свинска чума (АСТ) во некои европски земји дополнително ја влоши ситуацијата.
Затворањето на услужните дејности, како и инфекцијата на работниците во кланиците и дистрибутивните центри во текот на изминатата година го нарушија пазарот. Доколку вакцината се покаже ефикасна, побарувачката може да се опорави. Сепак, позицијата на Кина е најважна за иднината на овој сектор.
„Важно е да се разбере позицијата на оваа земја во глобалната економија, бидејќи нивната состојба во голема мера влијае врз секторот свињарство“, предупредува експертот за пазарот на свинско месо, д-р Џон Старк.
Кина ги обновува своите стада
Исто така, постои несигурност во врска со африканската свинска чума (АСТ) и нејзиното понатамошно влијание врз глобалните цени. Познато е дека секторот свињарство во Кина беше сериозно погоден од овој вирус во 2019 година, а беше објавено и дека нивните стада за размножување се намалиле за дури 40 проценти. Но, прашањето на западните увозници на овој вид месо е како да се процени брзината и обемот на обновување на стадата во Кина?
„Пред една година, имаше консензу дека на Кина ќе и требаат неколку години да ги врати своите стада на нивото пред АСТ“, рече Старк.
„Акциите треба да се надополнат, а факт е дека глобалниот увоз едноставно не може да го надополни мањакот“, забележува аналитичарот. Иако е забележано дека увозот на месо во Кина продолжува да се зголемува, не е познато колку од увезените грла се користат за надополнување на залихите и колку за да се задоволи домашната потрошувачка.
Но, во земјата веќе се градат огромни фарми, од кои последниот беше објавен од „Мујуан фудс“, кој ќе произведува 2,1 милиони грла годишно.
Значи, кинеското производство ќе се нормализира до 2024 година, а во својот извештај, холандската земјоделска банка „Рабобанк“ очекува дека нивното производство ќе се зголеми за најмалку 10% оваа година во споредба со минатата година, и дека целосното закрепнување ќе биде за две до три години.
Врз цените во ЕУ влијае и Германија
Во ЕУ цените паднаа во 4-тиот квартал од минатата година, како резултат на влијанието на АСТ врз популацијата на овие животни во Германија и последователната забрана за увоз од таа земја во Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Ова резултираше со вишок свинско месо во Германија, а со тоа тие се најдоа во европскиот синџир на снабдување кој беше сериозно нарушен.
Беше објавено дека цените на прасињата и свињите се скоро за 40 проценти пониски во споредба со претходната година, а се намалија за скоро 50 проценти од почетокот на 2020 година. Да потсетиме, во Белгија цената за килограм свинско месо беше само едно евро, а полските земјоделци на границата ги броеа камионите кои превезуваа свињи од Германија до нивните кланици.
„Овие нарушувања, како и ниските маржи што ги претрпеа сточарите, мора да влијаат врз бројот на стадата и залихите во првата половина на оваа година“, рече Старк.
САД го намалуваат бројот на маторици?
Производителите на свинско месо во САД исто така го почувствуваа падот на цените во текот на летото од 2020 година, но нивниот пазар подоцна се опорави. Сепак, тоа не беше доволно за да се спречат американските производители да го намалат бројот на маторици. Така, нивното одгледување се намали за 1,5 проценти во споредба со минатата година.
„Влијанието на АСК во Германија не е ограничено на таа земја, а подготвеноста на Кина да ја наруши глобалната трговија всушност им стави кочница на повеќето производители во ЕУ“, рече експертот.
Американските производители не се во многу подобра позиција бидејќи имаат суфицит на пазарот, а нема доволно купувачи.
„Плановите за снабдување во Северна Америка и Европа се во тек, но ширењето на кинеските стада се спротивставува на тоа“, заклучи Старк.
Извор: Агроклуб.рс
