Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Работиме на модел преку кој сите апликанти ќе можат од дома, по електронски пат да добијат информации до каде се нивните апликации, проекти и исплати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бачовски: Работиме на модел преку кој сите апликанти ќе можат од дома, по електронски пат да добијат информации до каде се нивните апликации, проекти и исплати
СубвенцииФондови

Бачовски: Работиме на модел преку кој сите апликанти ќе можат од дома, по електронски пат да добијат информации до каде се нивните апликации, проекти и исплати

Објавено 03/01/2021
Сподели
16 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Платежната агенција е најпопуларната институција кај земјоделците, не само поради субвенциите кои се исплаќаат како директна поддршка туку и поради новите мерки на Владата последниве години, како „Млад земјоделец“, трактори 50 -50 , „Рурална жена“ и други мерки, а тука се и повиците за ИПАРД кои исто така се од голема важност за развој на агросекторот.

На оваа тема разговараме со првиот човек на Агенцијата, Никица Бачовски за моменталната состојба, плановите, предизвиците и стратегијата на институцијата и Владата за работа во следните години.

Врската на земјоделците се чини дека е најсилна со агенцијата која ја водите. Дали тоа беше предизвикот да прифатите да застанете на чело на ваква инситуција, сериозна не само по обемот на работа туку и по милионските суми буџетски средства кои треба да дојдат до земјоделците и агробизнисмените?

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е институција која треба да биде популарна и е наменета за за да им служи на земјоделците, да ги развива, да креира мерки кои ќе го модернизираат и унапредат домашниот агро сектор. Лично, сметам дека и треба да биде силна врската помеѓу институцијата и корисниците ако сакаме да имаме развој и напредок. Оваа Влада, од почетокот на мандатот посвети многу енергија и направи сет на мерки за да се доближи до земјоделците и тука нема да застанеме. Мило ми е што дел од мерките кои ги реализиравме во изминатиот период ја направија институцијата уште повидлива, а земјоделците препознаа партнер, преку кој ќе дојдат до реализација на нивните идеи за инвестиции и развој на стопанства во агро – секторот. Предизвикот да застанам на чело на институцијата не дојде случајно, напротив, јас претходните години како шеф на кабинет на министерот за земјоделство, бев исклучително активен и вклучен во сите сегменти и околу креирање на Програмите, но, и околу имплементација на мерките и од Националните и од ИПАРД програмата. Токму затоа, мислам дека премиерот па и тимот околу него ја препознаа мојата посветеност и искрена енергија,  домашниот агро – сектор да го направиме посилен, модерен, со мали производни трошоци, со зголемено производство. Па оттука и дојде наименувањето на оваа функција. Сметам дека годините се само бројка, но, искуството, младата енергија, модерните гледишта на животот може да бидат предност, а не и мана. Секако, во тимот па и во институцијата со која раководам  имам искусни професионалци кои ми помагаат и кои секогаш знаат да ме насочат како треба да се завршат работите и како е најдобро за сите.

И да продолжиме на истата тема, околу предноста на новите, млади сили во агросекторот – не само кај нас туку и во ЕУ, евидентно е стареењето на популацијата во земјоделскиот сектор. Токму затоа и новите програми во милијарди евра се за мерки за “подмладување на секторот“. Колку ние го следиме тој тренд?

Сметам дека го следиме трендот на вклучување на младите во земјоделството, но тоа не е доволно. Како Влада, и како држава, можеме многу повеќе од ова што досега го направивме и планот е да продолжиме со овозможување на поволни услови за инвестирање во земјоделството и отворање на производни капацитети.  Сепак, ме радува тоа што преку мерките Млад земјоделец, преку Руралната жена со тракторите ги мотивиравме младите да почнат да размислуваат дека имаат можност преку Програмите и Мерките да бидат сам свој газда. Да си создаваат свои земјоделски стопанства, свои капацитети за преработки и да ги развиваат средините каде што живеат. Токму тоа беше и целта на овие мерки. Само во тек на  2020  година преку Мерката 121.4 – Набавка на трактори, склучивме  540 договори во вредност од 205.662.431,00 денари. Додека преку Мерка 113 – Поддршка за поттикнување на земјоделско производство (или попознато како Млад земјоделец) склучени се  266 договори за проекти во вредност од 187.050.295,00 денари. Тоа се само дел од проектите преку кои вбризгавме сериозни средства во руралните средини, ги модернизиравме домашните фарми, земјоделските стопанства. Преку овие проекти, директно ги развиваме и руралните подрачја и овозможуваме рамномерен регионален развој.

Кога зборувате за мерките како млад земјоделец, рурална жена или за механизација, воопшто за мерките на Владата, факт е дека тие се носат во МЗШВ, односно се креираат таму. Значи ли тоа дека вие имате одлична соработка со МЗШВ и можете да влијаете како Агенција на што да се стави фокусот, сепак вие најдобро знаете за што има најмногу апликации односно интерес?

Владата, министерството и Агенцијата се тесно поврзани. Заеднички и во минатото, но, и сега ги креираме мерките, новите програми. Во моментов, се финализира и Стратегијата за земјоделство и како институција целосно сме вклучени во нејзината подготовката. Реално, ние сме оперативата и токму затоа важно е да бидеме вклучени во креирањето на се она што подоцна ќе биде имплементирано преку нас, затоа што реално оперативците кои секојдневно ги работат предметите знаат што е изводливо а што не е. Практично, се продолжи една добра пракса  што уште пред неколку години додека министер беше Љупчо Николовски, воспостави еден начин на добра вертикална и хоризонтална комуникација и соработка помеѓу институциите за заедничко разменување на идеи, искуства, тој начин на соработка  уште го применуваме затоа што  се покажа како добар и успешен модел и покрај тоа што од тогаш наваму имаше смена на министри. Институциите мора меѓусебно да соработуваат, да создаваат услови за развој на земјоделството.

Каква 2021 година очекувате од ваша гледна точка на Агенција?

Многу е неблагодарно да се даваат било какви прогнози во време на светска пандемија. Ова не значи дека сум песимист, туку само многу реално ги согледувам заканите и штетитте што ги предизвикува „Covid 19“ не само кај нас туку и во цел свет.  Затоа што на дневна основа се случуваат  различни светски пореметувања, многу внимателно ги следиме случувањата и носиме мерки кои ќе го заштитат домашното земјоделско производство, ќе обезбедат сигурен пласман, откуп. Оваа Влада, во тек на цела година сите ресурси и целата енергија ја насочи во намалување на штетите од пандемијата. Обезбедивме дополнителна поддршка за повеќе мерки и за најзагрозените култури, субвенциите ги исплаќаме во време кога земјоделците имаат најмногу потреба од средства, поддршката за зелена нафта ја зголемивме од 30 на 50 % и сите мерки беа во насока на амортизирање на производниот трошок и зголемување на конкурентноста и површините. И во 2021 година ќе продолжиме со посветено реализирање на мерки кои ќе го зајакнат земјоделствотоо, кој ќе обезбедат домашно произведена храна. Како и досега и во 2021 година ќе продолжиме со реализација на мерки за капитални инвестиции во општините со што рамномерно регионално ќе ја развиваме целата држава. Исто така, преку ИПАРД 2 програмата, ќе продолжиме да ги мотивираме и земјоделците и стопанството да отвораат нови капацитети со кој домашните земјоделски производи ќе добиваат додадена вредност, која пак директно ќе се одрази и врз бруто домашниот производ, но, и врз економскиот раст на земјава.

Агротим како специјализирана платформа за информации и едукација на земјоделците имаме потреба од поголема соработка со агенцијата, бидејќи најмногу прашањата се однесуваа на исплата на субвенциите и резултати од мерките. До сега таа релација беше на високо ниво и професионално. Значи во делот со информирање на земјоделците, апликантите, каков пристап ќе имате?

Агенцијата, како и досега и понатаму останува отворена за соработка. Сите кои имаат недоумици, имаат било каков проблем, можат слободно да дојдат во АФПЗРР секој работен ден и да побараат одговор на нивните дилеми. Јас, вработените стоиме на располагање и одговор на сите кои побарале објаснување. Институцијата е транспарентна, во Агенцијата дневно доаѓаат по неколку десетици земјоделци кои бараат информации и сите се опслужени од  секторот за кого е наменето прашањето. Истовремено, активно ќе започнеме да работиме на модел преку кој сите апликанти по програмата за директни плаќања, програмата за рурален развој и ИПАРД ќе можат од дома, преку своите електронски уреди со впишување на ЕМБГ, ЕМБС или ИДБ да добијат основни информации за административниот тек на нивните апликации, проекти и исплати. На овој начин во голем дел ќе се олесни и товарот врз вработените во АФПЗРР, но и земјоделците во реално време ќе можат да видат каков е статусот на нивното поднесено барање.

Еден од поголемите успеси изминативе 3 години на АФПЗРР беше зголемената искористеност на средствата од ИПАРД. Станавме лидери во искористеност во регионот. Кога можеме да го очекуваме повикот за Мерка 7 од ИПАРД за што постои извонреден интерес кај читателите на Агротим, не само за инвестиции во земјоделското производство, се поактуелно станува Руралниот развој, агротуризмот. „Рурално е модерно“ е новата девиза на сите што сакаат да го променат начинот на живот, градскиот метеж да го заменат со рурален живот?

Точно е, ние добивме висока оценка и бевме рангирани за лидери во регионот за искористеност на средствата од ИПАРД 2 од страна на ДГ Агри. ( Директоратот за земјоделство и рурален развој при ЕУ). Искрено, тоа е голем успех затоа што покажаме дека имаме капацитет, имаме волја и знаеме како да ги искористиме парите кои ни се на располагање. За прв пат не вративме средства во ЕУ, напротив и минатата и оваа година бараме плус нови средства за реализација на инвестиции преку ИПАРД 2 програмата  и мерките 1,Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Мерка  3 Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи, и Мерка 7. Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси.

Во моментов се привршува обработката на предметите од претходните јавни повици за ИПАРД 2 програмата. Во соработка со Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, и со ДГ Агри веќе преговараме и правиме модификации околу новите повици кои треба да се реализираат во 2021 година, но јавноста како и досега навреме ќе ја има информацијата, се со цел и потенцијалните апликанти навреме да ја приберат  потребната документација и да ги подготват апликациите за новите повици.

Какви се програми и мерки има за Општините, да се помогне во инфраструктурното решавање на проблемите. Се чини дека асфалтирањето на селски патишта, водовод, продавници, амбуланти…се е тоа основно за да се мотивираат луѓето да живеат во селата.

Се согласувам со вас. Сите граѓани без разлика дали живеат во село или во град имаат право да имаат квалитетна патна, водоводна инфраструктура и сите потребни услови за квалитетен живот. Оваа Влада последните неколку години  преку проекти инвестираше добар дел на Буџетски  средства во рамномерен – регионален разој.  Парите од Програмата за рурален развој беа насочени и се трошеа за развој на руралните подрачја. Во таа насока беа обезбедени и 38 милиони евра за 200 проекти во речиси сите општини во Република Северна Македонија. Општините градеа и реконструираа, водоводи, канализации, домови на културата, пазари, патипта, се правеше и пристап до земјоделско земјиште. Дел веќе ги завршија проектите, дел од општините ги привршуваат проектите за кои имаа склучено договор со АФПЗРР. Најмногу ме радува тоа што при посета на дел од проектите, гледам задоволни лица на граѓаните. Дел од населените места за прв пат добиваа нов асфалт по 50 години, некој од жителите на општините се радуваа што повеќе нема да газат во кал, дел од граѓаните сега на полесен начин ќе стигаат до нивите. Според мене тие се нештата на кои треба да сме фокусирани. Треба да ја оправдаме доврбата на граѓаните кои ни ја дале на избори. Наша цел е да ги развиваме руралните подрачја, затоа што на тој начин ги мотивираме младите да отвораат сопствени бизниси и да не заминуваат од родните огништа. 

Што се однесува до редовните субвенции, до каде сте со исплатата? Како планирате да исплаќате? Имате ли календар на исплата кој ќе го знаат земјоделците и ќе си планираат? Ќе има ли новини во тој дел?

До денеска  По програмата за земјоделство исплативме 4.901.115.658,00 денари. За тутунско производство исплативме 1.886.927.796,00 денари. Во еден ден и без никаква селекција за сите кои правно – законски ги исполниле условите ги исплаќаме субвенциите. Таа пракса ќе продолжи и во наредниот период, се трудиме средствата да ги исплаќаме во време кога земјоделците имаат најголеми трошоци за новата реколата. Планот е така и да продолжиме во иднина.

Што е тоа ново што ќе го одбележи менаџирањето на Агенцијата која последниве години исправи многу неправди на неисплатени субвенции и можеби го стабилизираше процесот. Во која насока ќе се движи во вашиот мандат?

Неспорен факт е дека Агенцијата во последните 3 години успешно ја изменаџира политиката на Владата за стабилизирање на динамиката за исплата на субвенциите. Во следниот период остануваме посветени на редовното сервисирање на нашите обврски кон  земјоделците. Дополнително, заедно со МЗШВ работиме на нови модели на субвенционирање и подиректна соработка со подрачните единици кои се најнепосредните чинители во постапката. Поголема достапност, дигитализација на податоците и навремени и точни информации е тоа на што силно ќе работиме. На тој начин и како институција ќе станеме потранспарентни. Агенцијата е најсилниот двигател на земјоделското производство и руралниот развој и нашата работа и остварени резултати планирам да бидат што повидливи и позитивно поздравени од целокупната македонска јавност.

Може да ви се допадне

Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Таг:Бачовскиникицарурален развој
Претходен напис (ВИДЕО) Погледнете како се извезуваат милиони грла добиток со камиони, бродови, авиони…
Следен напис Данското село Брондби Хавеби е феномен на кој никој не останува рамнодушен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?