Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Исплаатени 377,7 милиони денари за откупено грозје за винската индустрија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Исплаатени 377,7 милиони денари за откупено грозје за винската индустрија
Агровести

Бачовски: Исплаатени 377,7 милиони денари за откупено грозје за винската индустрија

Објавено 29/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заедно со Генералниот секретеријат на Владата на Република Северна Македонија, денеска на сметките на 8,780 лица исплати вкупно 377,7 милиони денари за „Ковид 19“ мерката за откупено грозје за винската индустрија.

 Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека средствата се веќе легнати на сметките на сите кои правно – законски ги исполниле условите за добивање на средства преку некоја од мерките од ковид пакетот.   

Бачовски, информира дека :

„За мерката поддршка по килограм на произведено винско грозје до 18% шеќерни единици наменето за производи од грозје и вински дестилати, исплатени се  92.755.758 денари на  1.970 субјекти. Корисници на оваа мерка се сите производители на грозје кои во периодот од 15 август до 31 октомври 2020 година, произведените количини ги предадале на регистрирани производители на вино наменето за производи од грозје и вински дестилат.

На сметките на 6.763 земјоделци беа исплатени 211.481.873 денари за оние земјоделци кои во период од 15 август до 31 октомври 2020  произведеното грозје го предале  кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје.“ – појаснува Бачовски.

Со овој пакет се обезбеди и поддршка  од 30% за направени транспортни трошоци за извезено флаширано вино и 20 % за направени трансппортни трошоци за извезено наливно вино.  По овие основи на 28 субјекти, исплатени се  63.422.227 денари. На овој начин се амортизираа транспортни трошоци што домашните капацитети ги имаа направено за  извезено вино во шишиња во периодот од 1 Јануари  до 31 октомври 2020 година. Исто така преку овој„ Ковид 19“ пакет мерки се обезбеди и  поддршка за извезено винско грозје. Со оваа мерка опфатени се 19 субјекти и на нивните сметки  исплатени се 10.008.490 денари.

Овие мерки беа креирани и донесени во соработка со  производителите на грозје, но и на винарниците а целта беше да се помогне на овој сектор кој беше директно погоден од последиците кои ги предизвика пандемијата.

Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, заедно со Владата и министерството ќе продолжи со креирање на Програми и мерки кој ќе го развиваат агро – секторот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бачовскивинска индустијаоткупено грозјесубвенции
Претходен напис РУКОЛА – како една навидум обична „трева” го чисти црниот дроб и штити од рак!
Следен напис Над 43 проценти од трошоците на домаќинствата за храна и пијалоци, во ЕУ – 13
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?