Десет претпријатија кои се македонски економски амбасадори го добија престижното Признание за македонски квалитет, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Претседателот Н. Е. Стево Пендаровски.

Потребно е континуирано да се поддржуваат сите кои се борат за подобра економска иднина и допринесуваат и во време на криза како оваа предизвикана од пандемијата. Убаво е да се видат светли примери и во оваа година која беше исполнета со предизвици, кои се доказ дека никогаш не треба да се откажете од градењето на сопствената успешна приказна.
Македонските економски амбасадори, треба да се мотив во 2021 година сите заедно да делуваме да се креира подобро деловно опкружување и да им се помогне во нивната мисија со вредна и посветена работа, да бидат наш прозорец кон светот и гордо да не претставуваат со своите успеси. На овој начин се промовира и македонскиот идентитет во светот што во овие моменти е особено критично и важно
Фејсбук статус на Данела Арсовска

