Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Милевски: Со целосно реконструирани ски-лифтови по 40 години на Пониква се создаваат услови за зимски туризам, на ред се Кожув и Пелистер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Милевски: Со целосно реконструирани ски-лифтови по 40 години на Пониква се создаваат услови за зимски туризам, на ред се Кожув и Пелистер
Агровести

Милевски: Со целосно реконструирани ски-лифтови по 40 години на Пониква се создаваат услови за зимски туризам, на ред се Кожув и Пелистер

Објавено 25/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По 40 години Министерството за локална самоуправа со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка ги реконструираше во целост двата ски лифта на Пониква со што ова место полека добива лик на зимски туристички центар, што е од исклучителна важност за развојот на Источниот плански регион, но и за целата држава, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Имаме прекрасна природа и одлични терени за зимски спортови во земјава. Министерството за локална самоуправа ги има идентификувано развојните потенцијали на планските региони и веќе работи на подобрување на условите за развој на туризмот на Попова Шапка, во Маврово, еве овде на Пониква, а следните  инвестиции ќе бидат на Кожув и на Пелистер, рече тој.  

Милевски појасни дека за реконструкција на двата ски лифта на Пониква се потрошени пет милиони денари, а дополнително со подобрувањето на патната инфраструктура на ова подрачје , се зголемуваат потенцијалите за развој на туризмот, а тоа значи повеќе гости, отворање на нови мали бизниси, нови вработувања, економски развој.

 – Источниот плански регион станува атрактивен и за поголеми инвестиции и нови вложувања. Фактот дека 40 години не било инвестирано ништо или многу малку, овде на Пониква, зборува колку сме пропуштиле како држава. Слична е состојбата и на Пелистер. Владата и Министерството за локална самоуправа ќе продолжат со поттикнување на развојот на планските региони. Време е максимално да ги искористиме сите потенцијали, дополни Милевски.

Тој рече дека нашата држава може да биде атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и да  привлече туристи  од соседните земји, па и пошироко.

– Ќе продолжиме да градиме европски стандарди дома, зашто тоа е начинот за европеизација на државата. Со вложување во инфраструктурата, во развојот, во отварање на нови можности за нашите општини и граѓани, рамномерно во сите делови на државата, најави Милевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Горан Милевскизимски туризамКожуфПелистерски-лифтови
Претходен напис Премиерот Заев и министерот Хоџа на средба со претставници на тутунопроизводителите, договорeни чекори за постигнување повисока просечна цена на тутунот
Следен напис Анализа: Кризата поради Ковид-вирусот ги поттикна земјоделците да размислуваат за нови канали на продажба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?