Со нешто помалку од 211 евра за тон, цената на пченицата го достигна највисокото ниво во последните 4 недели и се зголеми за околу 10 евра во рок од седум дена. Ова е последица на одлуката на Русија, да воведе квоти за извоз на житарици, но и данок на извоз на пченица, откако претседателот на земјата, Владимир Путин, ги повика владините претставници и главните играчи на пазарот, поради зголемувањето на цените на основните намирници.
Земјоделците и преработувачите на храна во Русија, долго бараа воведување данок за извоз на пченицата затоа што цените на лебот, брашното, но и растителните масла, шеќерот и сличните производи нагло порасна поради многу високиот извоз, додека приходите на производителите драматично се намалија за време на кризата со корона вирусот.
На меѓународниот пазар за овие житни култури, овие мерки веројатно посилно ќе ја насочат побарувачката кон други извозници како што се Австралија, Канада, САД и евентуално Европа, притоа обезбедувајќи високи вредности agrarheute.
Така на крајот на минатата недела, на пазарот на големо и во извозното пристаниште во Хамбург, цените на лебната пченица се искачија на 212 евра по тон, што е зголемување за 6 евра за само два дена. Цените на пченицата се зголемија исто така и во Чикаго и тоа за 0,8%, пренесува Ројтерс.
Понатаму, руската служба Совекон минатата недела ја намали прогнозата за новата жетва на пченица во 2021 година и објави најлоша зимска состојба за последните десет години. Првично, приносот се очекуваше да биде 81 милиони тони, а сега е намален на 76,8 милиони тони.
Растат цените и на останатите житарици
Цената на јачменот во пристаништето Хамбург на крајот на минатата недела беше 181 евро за тон, што е за 1 евро повеќе од почетокот на неделата. За ‘рж беа понудени 173 евра, односно 2 евра повеќе отколку на почетокот на неделата. Цените на пченката на европскиот пазар паднаа на 191 евро, додека во почетокот на неделата се зголемија за за 7 евра.
Извор: Агроклуб
