Бочва со 228 литри вино, единственото кое секоја година го произведува Жан-Мари Фуриер на неговиот имот во Бургундија, и кое никогаш не било достапно за јавноста, оваа година, на европското издание на аукциската куќата Zachys (САД) беше продадено за цели 136.400 фунти, што е околу 150.630 евра, или 660 евра за литар!
Тоа е многу мало лозје засадено со грозје од сортата Пино ноар, кое опфаќа само 0,046 хектари во областа Chambolle , во винскиот регион Côte de Nuits, во срцето на Бургундија.
Инаку, црното вино Chambolle-Musigny се смета за најинтересно вино од оваа област. Неговото буке, содржи мирисни ноти од темјанушки, јагоди и малини, суви сливи па дури и од тартуфи и бара софистицирани јадења со целосни и слоевити вкусови.
Фуриер до сега го флаширал виното во шишиња од 1,5 литар, но новиот сопственик сега ќе може сам да го одреди форматот на полнење, пишува thedrinksbusiness.
Покрај оваа бочва со вино, на наддавањето беа продадени и многу други пијалоци. Така, вкупно 1.298 лотови заработија 2,3 милиони фунти, а многумина ги надминаа веќе високите проценки. Исто така, две буриња со јапонско виски беа продадени за 34.720 фунти, шест шишиња вино La Romanee од винскиот имот Comte Liger-Belaira и тоа од 2009 година, за 27.280 фунти и уште шест вина Corton Charlemagne iz Coche-Duryja од 2014 година за 22.230 фунти
Аукциите се одржуваа онлајн, а според Кристи Ериксон, европскиот менаџер на оваа аукциска куќа, Ковид-19 не ја спречи продажбата.
„Европската продажна сезона бележи голем успех и со аукциите во Хонг Конг и Њујорк може да премине во најуспешна година досега “, заклучи Ериксон.
Извор: Агроклуб
