Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Хоџа очекува решение од денешната средба со тутунарите и откупувачите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Хоџа очекува решение од денешната средба со тутунарите и откупувачите
Агровести

Министерот Хоџа очекува решение од денешната средба со тутунарите и откупувачите

Објавено 18/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа очекува решение и позитивен исход од денешниот состанок со тутунарите и откупувачите закажан за 15 часот.

Хоџа оцени дека во однос на откупот има две вистини.

-Треба да ја најдеме средината на една вистина и мислам дека ќе има поместување, изјави Хоџа по промоцијата на велосипедско-пешачката патека од село Ваташа до Моклиште во Општина Кавадарци.

Министерот повтори дека има огромно разбирање за барањата на производителите, но воедно потсети и дека им ги посочил своите забелешки за нивниот пристап при предавањето на тутунот.

-Не би сакал пред состанокот да го кажувам тоа што имам намера да го кажам на состанокот со тутунарите и откупувачите, да давам дополнителни изјави кои би можеле да се преиначат на друг начин. Можам да кажам една работа, дека имавме договор од петокот дека до денеска треба да направиме пресек како се одвива откупот, но бидејќи во понеделникот откупот лошо почна од страна на откупувачите, ние повторно на состанокот со производителите во вторникот одлучивме паралелно да тече откупот за да имаме пресек и да знаеме како точно се одвива, а тие да ги продолжат протестите. Очекувам денеска дека ќе имаме некакво решение како треба да се одвива целиот процес, очекуваме позитивни резултати, но не би сакал од сега да прејудуцирам бидејќи во 15 часот треба да се видиме и не би било. Во секој случај, очекувам добар состонок од кој ќе произлезат заклучоци што понатаму, напомена Хоџа.

Извор: Либертас

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:решениесредбатутунХоџа
Претходен напис Јована Ачимовиќ: Занаетот го научила сама, а чоколадната магија прерасна во нејзин бренд „Вкус на љубовта“.
Следен напис Ovosen.mk – онлајн продавница создадена од лица со оштетен слух
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?