Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунарите на протест, откупните пунктови отворени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунарите на протест, откупните пунктови отворени
Агровести

Тутунарите на протест, откупните пунктови отворени

Објавено 16/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тутунарите од Пелагониско денeска два часa од 10 до 12 часот го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско, на излезот од градот. Oстанувaат на барањата и велат дeкa нема да отстапат од реален откуп, укинување на четвртата класа и реална цeна за врвните берби. Бараат нивниот официјален претставник, Сојузот на земјоделските здруженија, да биде со нив и да ги поддржи.

Флоре Грујевски, тутунопроизводител од Могила, е револтиран од откупувачите, а признава дека првпат министер за земјоделство веднаш се сретнал со нив.

– Целиот проблем ќе биде решен да отстапат откупувачите од четвртата класа и тогаш просекот ќе биде минимум 180-190 денари и реално да се ценат врвните берби. Му се заблагодаруваме на министерот за земјоделство кој брзо оствари средба со нас. Откупувачите го излажаа, прво министерот, а потоа и нас. Бараме и нашиот официјален претставник од Сојузот на земјоделските здруженија Менде Стомнароски да дојде и да биде со нас, изјави Грујевски.

Од Иницијативниот одбор на „Група македонски тутунари” бараат под итно да се дадат гаранции дека сите пунктови и кај сите откупувачи ќе се откупува реално тутунот.

– Под итно да се дадат гаранции, тоа да го направи државата. Секаде, на сите пунктови и кај сите откупувачи во земјава исто да се цени тутунот, реално. И тоа веднаш, зашто ова може да излезе од контрола и да се создадат ковид-кластери. Затоа е важно решение веднаш. Нема да отстапиме и ќе одиме до крај да се реши маката на тутунарите, изјави Игор Мирчески од Иницијативниот одбор.

По синоќешниот состанок во Прилеп со министерот за земјоделство, тутунарите останаа на ставот да протестираат, а од друга страна, да продолжи откупот на тутунот. Ќе се прави неделен пресек на текот на откупната кампања и на постигнатата просечна цена. Денеска се отворени сите откупни пунктови во Прилеп. Досега во државава се преземени само три проценти од родот. Речиси две третини е во Пелагонискиот регион.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:прилеппротесттутунари
Претходен напис Компаниите од денеска ќе може да аплицираат за Ковид 3 бескаматна кредитна линија преку Развојна банка
Следен напис Магла на Ѓавато и Плетвар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?