Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонците се повеќе купуваат од домашни е-трговци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонците се повеќе купуваат од домашни е-трговци
Агровести

Македонците се повеќе купуваат од домашни е-трговци

Објавено 16/12/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во третиот квартал годинава се реализирани 43,5 милиони евра кон домашните е-трговци, додека за првите девет месеци од годината 117,3 милиони евра, што е раст од 123 проценти споредено со 2019 година, кога вредноста изнесувала 52,7 милиони евра.Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка, растот на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон домашни интернет продажни места изнесува 173 проценти, соопшти денеска Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Иако апсолутната вредност на реализирани трансакции од странци (странски картички) кон домашни е-трговци е ниска, треба да се напомене дека се забележува раст од 69 проценти во вредноста во третиот квартал (растот во првиот квартал изнесувал 5 проценти, додека во вториот 38 проценти). Вкупната вредност за првите девет месеци годинава изнесува 7.2 милиони евра, што претставува раст од 36 проценти споредено со истиот период лани.

Трендот на опаѓање на трансакциите од Македонци кон странски е-трговци продолжува и во третиот квартал, но со нешто забавено темпо. Ако во вториот квартал беше забележан пад од 73 проценти на вредноста на трансакцииите кои Македонците ги реализирале кон странски е-продавачи, во третиот квартал изнесува 50 проценти.

Според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, ако се имаат предвид рестриктивните мерки и затворањето на економиите кои ги наметна панедимијата, во голема мера овој пад се должи на патувањата во странство за кои најчесто се резервира и плаќа онлајн – авио билети, преку сајтовите на авио компаниите и хотелско сметување и аранжмани, booking.com и останати платформи.

Има навистина голема потреба за подобрување на официјалните податоци од областа на е-трговијата кои се прибираат и објавуваат од надлежните институции. За да знаеме каде одиме и како напредуваме потребна е јасна слика за индустријата. Така на пример во вредноста на трансакциите кон интернет продажни места влегуваат купувања реализирани со платежни картички кон домашни е-продавници како и плаќање на сметки за струја, вода, телефонски услуги, владини услуги и слично, односно секоја трансакција која се процесира онлајн со картичка. Потребна е категоризацијата за да можеме да
имаме порелеватна слика, а исто така потребни се и податоци за целокупната малопродажба во земјата како би можеле да го знаеме уделот на онлајн продажбата во неа, вели Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Збирно гледано вкупната вредност која Македонците ја потрошиле онлајн во првите девет месеци од 2020 година изнесува 155.4 милиони евра и е за три проценти помала од вредноста во првите девет месеци од 2019 година (159,7 милиони евра). Нема позначајна промена во вредноста но значајна промена има во структурата во полза на домашните е-трговци. Дека Македонците ги промениле навиките за време на пандемијата, покажуваат резултатите од анализата на е-трговијата која ја спроведе Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Над 35 проценти од испитаниците купуваат во поголем обем, околу 20 проценти почнале да ги плаќаат
сметките онлајн, а над 70 проценти се изјасниле дека ќе продолжат и по COVID-19 да купуваат онлајн во исто темпо.

Пандемијата навистина отвори можност каква што до сега не постоела за е-трговијата. Се забележува раст на глобално ниво, некои земји успеаа за неколку месеци да остварат три и пет годишен раст. Сепак се работи за поразвиени земји, со адекватно ниво на дигитални вештини на популацијата и богата понуда во е-трговија. Земјите со пониско ниво на дигитални вештини кои се потребни за учество во онлајн купување, како Северна Македонија не можат да го фатат тој чекор толку брзо бидејќи овие повеќегодишни слабости не се решаваат во неколку месеци. Затоа е важно што поскоро да поставиме јасна цел и дигитална стратегија за нашата земја, појаснува Ангеловска.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:е-трговијакупувањеНародна банак
Претходен напис Бектеши: Се размислува за дополнителни мерки за поддршка на угостителскиот сектор
Следен напис Дали јапонските јаболка се подобри од другите? Секако дека се извонредни!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?