Тутунарите во прилепско денеска побараа итна средба со министерот за земјоделство утре, наместо в петок, како што беше договорено претходно, или в среда ќе организираат протести.
Ова го соопштија по денешното отворање на пунктовите за откуп, откако повторно, како што велат се соочиле со нереална проценка на родот и непочитување на договореното од страна на откупувачите.
Освен Тутунскиот комбинат, другите откупувачи не го почитуваат договореното во петокот, односно овен што проценката не е реална, се земаат и само пет отсто од првата берба, иако законски обврската е 30 проценти.
Ако утре не изврши личен увид во откупните пунктови министерот за земјоделие од среда ќе има протести и блокади. Предупредија од иницијативниот одбор за протести на тутунарите и од Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите од Македонија.
Во прашање е егзистенција на 30 илјади тутунопроизводители во земјава,предупредуваат од сојузот на тутунските здруженија.
Од 23 000 тони тутун, досега се откупени само 1,6 отсто. Во земјава од тутунот живеат околу 30 000 семејства. Инаку, утре 15 декември, е крајниот законскиот рок сите откупувачи да ги отворат пунктовите.
