Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се што треба да знаете за инвестиција со 65% грант преку ИПАРД за одгледување полжави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Се што треба да знаете за инвестиција со 65% грант преку ИПАРД за одгледување полжави
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Се што треба да знаете за инвестиција со 65% грант преку ИПАРД за одгледување полжави

Објавено 10/12/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во алтернативно земјоделско производство може да се аплицира за неповратен грант од 65% во инвестициии за алтернативно земјоделско производство, пример одгледување на полжави. Најдобро тоа може да се прикаже со следниов пример:

Доколку барателот – физичко лице со место на живеење во Кукуречани сака да започне да се занимава односно да инвестира во поставување оранжерија и опремување на истата за одгледување на полжави.

Вкупната вредност на инвестицијата треба да биде поголема од 1500 евра до 1 000 000 евра. Во нашиов пример предпоставуваме дека вкупната инвестиција изнесува 30 000 еур.

Документи кои се потребни при набавката на оваа инвестиција се:

  1. Барање за користење на средства комплетно пополнето ( кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош
  3. Диплома или сертификат за завршен курс/обука соодветната област за одгледување на полжави или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
  4. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  5. Потврда од локалната самоуправа – Општината Битола, дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  6. Имотен лист од земјиштето/ парцелата каде што ќе биде поставена оранжеријата ( пластеник).
  7. Доколку е зејиштето во државна сопственост потребно  е и договор за концесија не пократок од  10 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се биде договорот на 15 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист.
  8. Една понуда од добавувач до 10 000 еур со детална спецификација и изјава за земја на потекло. (опремата која се набавува мора да биде нова и неупотребувана ), доколу вреноста по ставка надминува 10 000 еур потребно е да се достават 3 понуди со детална техничка спецификација и земја на потекло. (прифатливи се и општите трошоци кои се направени за подготовка на целокупната документација за аплицирањето).
  9. Договор за општи трошоци
  10. Фактура за општите трошоци (доколку се направени)
  11. Потврда од локална самоуправа сектор урбанизам дека за предложената инвестиција не е потребно одобрение за градба
  12. Технички предлог проект (консултантска куќа)

Целокупната документација се става во затворн плик и се испраќа до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Ул. 3 та Македонска Бригада бр 20 ( зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје со назнака “Не отворај”  по јавен оглас бр. __ и мерката за која се бараат средства.

По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијата и од овој момент може да се почне со изведба на оранжеријата и купување на опремата т.е. со сопствени средства може да ја набави инвесицијата која треба да се плати преку банка со повикување по број на фактура на образец ПП30(црвен).

После реализацијата односно од кога ќе биде завршена инвестицијата – поставена оранжеријата и опремата за одгледување на полжави во нашиот случај се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата изнесувала 30 000 еур без ДДВ, средства кои ќе му бидат доделени на барателот како гранд изнесуваат 19 500 еур кои се неповратни. Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години од денот на исплатата на грантот.

https://agrotim.mk/konsultantska-firma-agrokultura-aplicirajte-za-ipard-i-drugi-merki-od-vladata/

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Министерот Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер
За “чистите” ИПАРД апликации што веќе се одобрени и се реализираат, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
Таг:Ипардполжавипредлог бизнис
Претходен напис Како најдобро се чува сушеното овошје?
Следен напис Делумно уривање на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?