Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: До петок прекин на протестите додека не се одржи заедничка средба на тутунарите со откупувачите, под медијаторство на МЗШВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: До петок прекин на протестите додека не се одржи заедничка средба на тутунарите со откупувачите, под медијаторство на МЗШВ
Агровести

Хоџа: До петок прекин на протестите додека не се одржи заедничка средба на тутунарите со откупувачите, под медијаторство на МЗШВ

Објавено 08/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По средбата со тутунопроизводителите во Прилеп, министерот за земјоделство Арјанит Хоџа ја даде следната изјава:

-Прво и основно, се наоѓаме на почеток на откупот и рано да се каже каков ќе биде годинешниот откуп на тутун. Ја знам маката на тутунарите, и сиот вложен труд и емоциите се силни, но мораме да бидеме реални и да зборуваме за тоа што може Владата да помогне во овој случај. Во цената не можеме да влијаеме, откупните претпријатија се приватни компании. Владата може да дава субвенции и тоа 30% од вкупниот буџет за директни субвенции за сите земјоделци и сточари, одат за тутунарите. Годинава сите производители се сложуваат дека тутунот е за нијанса послаб квалитет од ланскиот, но велат дека проценката е за две класи подолу од таа што е реална. Затоа денеска се договоривме до петок да седнеме на иста маса, МЗШВ како институција, откупувачите и тутунопроизводителите и да се соочат аргументите на двете страни. До тогаш, се договоривме дека протестите ќе бидат прекинати – изјави министерот Арјанит Хоџа, по средбата со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари од прилепскиот регион.

До средбата во петок во МЗШВ, протестите на незадоволните тутунари се ставаат во мирување, а со повлекувањето на поверениците од страна на Сојузот на тутунски здруженија, практично ќе биде прекинат откупот на тутун.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшвоткупприлептутун
Претходен напис Иновативност: Словенија со развој на “паметни села” ги решава економските проблеми на руралните средини
Следен напис Ние не го напаѓаме министерството, тие ни даваат субвенции, се жалиме на откупувачите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?