Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека министерот Арјанит Хоџа утре ќе биде во Прилеп на средба со нездоволните тутунари.
Утре, 08.12.2020 година (вторник), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, ќе одржи средба со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари.
Средбата ќе се одржи во 12 часот во административната зграда на Општина Прилеп.
За време на настанот да се почитуваат препораките на Владата, за држење растојание и задолжително носење на заштитни маски.
