Селскиот туризам е од огромно значење за руралните подрачја бидејќи често пати не може да се живее само од земјоделство. На повеќето Европски земји веќе одамна им станало јасно дека, селскиот туризам може да го зголеми приходот на селските домаќинства, а со негов развој се зголемува и туристичката понуда одредени области.

– „Првиот ден од патувањето го поминавме во Австрија во покраината Штаерска, каде посетивме две домаќинства, едното правеше традиционални ладни јадења, второто имаше гостинска куќа и се занимаваа со вински и излетнички туризам. Потоа посетивме имот во Словенија кој е опкружен со лозја, каде пробавме вина и ферментирани пијалоци од грозје. Во Република Српска посетивме селско туристичко семејно домаќинство во Козарска Дубица. И таму се прават квалитетни бели вина, а покрај куќата и преубавиот двор се простираат два хектари лозје и на трпезата се нудат домашни специјалитети кои се набавуваат од жителите во околните села“, раскажува Петар Самарџиќ, директор на Агенцијата за рурален развој на Сремска Митровица.

Селскиот туризам во Австрија, е загрозен со тоа што повеќето странски туристи главно ги посетуваат Салцбург или Виена како многу атрактивни туристички дестинации. Селскиот туризам на јужна и југоисточна Австрија, односно покраината Штаерска има сличен на оној во Словенија, бидејќи се слични и географските обележја, се објаснува во нивното соопштение.
Словенците, уште во седумдесеттите години од минатиот век, почнале да ги користат државните мерки за унапредување на селскиот туризам, па затоа денес од земјите на бивша Југославија најмногу напредувале во оваа област и многумина ги споредуваат со Италија и Франција, кои се лидери во ваквиот вид на туризам. Словенците многу добро ги вмрежиле сите субјекти на руралниот туризам, не само селските домаќинства, туку и производителите на традиционални јадења и производи типични за Словенија, километри планинарски патеки,вински патишта, овоштарници и лозја, а многу труд вложиле и за промоција на ваквата туристичката понуда на руралните краеви.

Исто така, на регионално, национално и интернационално ниво, ја развиле асоцијацијата на сопственици на селски домаќинства, каде едни на други не гледаат како на конкуренција, туку заеднички настапуваат борејќи се за своето место во општеството и заедно со претставници на државните органи предлагаат и донесуваат релевантни законски решенија.

Извор: agromedia.rs
