Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Совети за одгледување на сусам во домашни услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Совети за одгледување на сусам во домашни услови
Растително производствоСовети

Совети за одгледување на сусам во домашни услови

Објавено 03/12/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сусамот, односно семето на сусамот, спаѓа во најстарите зачини кои се во употреба уште од 1.600 година п.н.е. Ова омилено и вкусно семе може да се употреби во најразлични видови на храна и пецива, зеленчук, салата па дури и со риба. Исто така, со цедење на сусамот се добива сусамово масло, кое е едно од најчистите и најздрави масла во светот. 

Сусамот како растение има многу убав изглед. Има изразито темно зелени листови и цевковидни цветови кои можат да бидат бели или бледо розеви. Возрасните растенија можат да достигнат висина помеѓу 1 и 2 метри во зависност од видот, а семето на крај на периодот на вегетација се вади од сувите мешунки.

Одгледување на сусамот

За успешно да започнете да одгледувате сусам како посев, потребно е да обезбедите добро место изложено на сонце и земјиште кое добро се дренира. Семето посеано во земја, треба да се држи во затворен простор во текот на првите 4-6 недели, а потоа се пресадува на отворено. Трба да се знае дека пресадувањето се прави откако ќе помине опасноста од доцните мразеви. Растението бара доста сонце и топол воздух , и би било пожелно пресадувањето да се направи тогаш кога дневните темепратури ќе достигнат околу 20 степени. Бидејќи растението се разгранува и високо расте, би требало сусамот да се сади на оддалеченост од околу еден метар растојание во ред. 

На ова растение му е потребно од 100-130 денови да ја заврши вегетацијата и да стане подготвено за берење. После опрашувањето, цветовите се развиваат во тесни и неколку сантиметри долги мешунки. Семето е подготвено за берење кога мешунките ќе добијат кафеава боја и благо ќе напукнат. Мешунките кои растат во подножјето на растението, најчесто ќе бидат подготвени за берење уште додека цветовите на врвот се во фаза на цветање, па така повеќекратната берба е загарантирана.

Берба на семето од сусам

Рачното берење на домашно одгледаниот сусам најдобро се извршува така што мешунката вниамтелно ќе се оттргне од растението. Потоа мешунки се редат на хартија за да се исушат. Кога ќе станат целосно суви, потребно е нежно да се истријат и да се извади семето. За да се отстрани плевелот и другите остатоци , би било пожелно сеење на семето низ соодветно сито.

Чување и употреба

Целосно исушеното семе најдобро се чува во затворени стаклени тегли  на темно место. За подолго чување, се препорачува да се замрзнување во замрзнувач. Семето сусам може да се консумира како сирово, така и пржено на тава без масло, а може од него да се направи и таан.

За подготовка на таан која е главна состојка на хумусот, потребно е да испржите една кафена лажичка сусам во сува тава на средна температура, со почесто мешање, се додека сусамот не добие златно кафеава боја. Потоа е потребно да се остави семето да се излади, а потоа се мели во блендер. При мелењето, се додаваат 3 лажици маслиново или сусамово масло и се меле се додека не се добие сос со бараната густина. Потоа таанот се чува во затворена тегла во фрижидер.

Лековити својства на сусамот

Лековитите дејства на сусамот биле познати уште на старите Египќани, Асиријци, Вавилонци, Индусите и Кинезите, а го користеле против ќелавост, првут, забоболка, зуење во ушите, ишијас…

Семето на сусамот има висока концентрација на фитостерол. Доколку доволно се присутни во исхраната, можат да го редуцираат нивото на холестерол во крвта, да го подобрат имунитетот и да го намалат ризикот од појава на поедини видови на карцином.

Освен тоа, сусамот е богат со железо, калциум, како и други минерали и витамини и претставува совршен чистач на органите за варење.

Маслото од сусамот е добро за превенција од создавање на тромб и долготраен затвор, ги намалува болките кај ревматиден артритис, а се користи и за санирање на повреди, акни, чир и изгореници.

Извор:  Agromedia

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:корисни својстваодгледување на сусамсусамтаан
Претходен напис Лозари, од пратениците на опозицијата ви зависи кога ќе ја добиете ветената помош од државата за грозјето
Следен напис ОН го повлече канабисот од листата на „опасни дроги“ и даде легитимност на лековитите својства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?