Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германија: Земјоделците со трактори ги блокираат магацините за храна, а на влезовите од маркетите се поставуваат бали со сено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германија: Земјоделците со трактори ги блокираат магацините за храна, а на влезовите од маркетите се поставуваат бали со сено
Агровести

Германија: Земјоделците со трактори ги блокираат магацините за храна, а на влезовите од маркетите се поставуваат бали со сено

Објавено 02/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Германија земјоделците не се откажуваат од своите барања. Тие протестираат пред маркетите поради ниските цени на земјоделско – прехранбените производи, сметајќи дека откупните цени за млеко и месо повеќе не се доволни за нормална работа на фармите.

Да потсетиме, земјоделците во Германија бараат повисоки откупни цени и тоа: 50 центи повеќе за килограм свинско месо, 15 центи повеќе за литар млеко, 1 евро на кг говедско и 20 центи повеќе за килограм живина. Поради тоа, тие започнаа масовни протести, пред магацините во трговските синџири за храна и ги  блокираа млекарите и кланиците.

Овој пат главниот протест се одржа пред централниот магацин на трговскиот синџир „Лидл“ во Клопенбург во неделата вечерта. Според полицискиот извештај, околу 400 земјоделци со 300 трактори учествувале во операцијата, додека 150 возила се собрале во понеделникот.

Како што објави ГДР, други сто земјоделци предизвикале колапс на сообраќајот за да спречат испорака на стоки до продавниците во округот Харбург.

Понатаму, според сликите што кружат на социјалните мрежи, пред централниот магацин на трговскиот ланец „Алди“ во Витлих, се формираа колони камиони кои не можеа да ја достават стоката поради протестот.

Во Бремерерде, бали со слама  беа поставени пред седум супермаркети.

Во понеделникот исто така  се одржа протест и во Дрезден. Според тамошните медиуми, неколку стотици земјоделци со дури 1.000 трактори блокирале мостови на реката Елба и неколку пристапни патишта.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокадаГерманијаземјоделципротести
Претходен напис Тутунопроизводителите се жалат на ниска откупна цена на тутунот и бараат поддршка од институциите
Следен напис Денови на медот во „Рамстор мол”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?