Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна аплицирањето за финансиска поддршка за плати за ноември
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна аплицирањето за финансиска поддршка за плати за ноември
Агровести

Почна аплицирањето за финансиска поддршка за плати за ноември

Објавено 02/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Работодавачите од вчера започнаа да поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за ноември годинава  БФП-ИП/2 , а физичките лица кои вршат самостојна дејност поднесуваат барање за финансиски средства  БФС-СВД/2. 

Од Управата за јавни приходи велат дека во текот на првиот ден ја потврдиле комплетноста на барањата БФП-ИП/2 за исплата на плата за ноември на околу 5 000 работодавачи

Барањата БФП-ИП /2 се поднесуваат преку системот Е-Даноци ( Е-ТАХ).Барањата БФС-СВД/2 се поднесуваат преку системот Е- ПДД. Овие Барања може да се поднесуваат заклучно со 10 декември 2020 година, а Управата за јавни приходи, ја потврдува комплетноста на барањето во рок од 3 дена од денот на  поднесувањето.

Поддршката од државата за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава е предвидена со четвртиот пакет мерки за помош на стопанството поради  здравствено-економската криза

За исплата на плати за вработените за октомври годинава беше предвидена поддршка од 951 252 239  денари. Одобрени се, како што велат од УЈП, 13 813 барања на работодавачи од кои за 12 470 се доставени налози за исплата до генералниот Секретаријат на Владата,  со кои се  опфатени  60 895 вработени.  Исплатата на финансиски средства кај физичките лица кои вршат самостојна дејност за октомври изнесува вкупно 329 792 920 денари, а доставени се налози за исплата на 4277 самостојни вршители на дејност.

Поддршката за исплата на плати се обезбеди согласно падот на приходите во компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари.

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:аплицирањеноемвриплати
Претходен напис Појаснување за лозарите во врска со аплицирањето за два денари субвенција за килограм произведено и предадено винско грозје
Следен напис Македонија и Албанија ќе потпишат спогодба за менаџирање на риболовот на Охридското и Преспанското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?