Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи – Петров: Потенцијалот за развој на стартап компаниите во земјата е огромен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи – Петров: Потенцијалот за развој на стартап компаниите во земјата е огромен
Агровести

Битиќи – Петров: Потенцијалот за развој на стартап компаниите во земјата е огромен

Објавено 01/12/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Северна Македонија ќе стане регионален стартап центар каде младите ќе може да ги реализираат своите бизнис идеи, порачаа денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и в.д директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров.

На нивниот прв работен состанок се разговараше за спроведувањето на тековните проекти и наредните планови и проекти на Фондот, соопшти Кабинетот на Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека изминатите три години, ФИТР во потполност ја исполни својата функција, стана препознатлива институција која ги поддржува микро, малите и средни претријатија, а преку соодветните инструменти за поддршка значително ги олесни и забрза проектите за технолошки развој, за креирање иновативни решенија и за дигитализација на компаниите.

-Преку 550 субјекти се во портфолиото на Фондот за иновациии и технолошки развој во овие три години, што е навистина одлична бројка, посочи вицепремиерот и додаде дека со ентузијазмот и меѓународното искуство кое го поседува Петров, очекува бројот на поддржани компании да се зголемува, а тоа ќе значи побрз економски раст и развој на земјата.

Директорот Петров нагласи дека максимално ќе се посвети ефикасно и ефективно да се искористат буџетските средства во Фондот.

-Нашата земја изобилува со млади, креативни и иновативни луѓе, а Фондот е вистинско место каде може да се обратат, да добијат стручна помош за развој на нивните проекти, но и финансиска поддршка за нивна побрза реализација. Микро, малите и средни компании, стартап и спин-оф, остануваат да бидат во фокусот на работата со оглед дека имаат огромен потенцијал за раст, како на приходи, така и на бројот вработени, што директно ќе влијае на економијата, напомена Петров.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров се согласија дека потенцијалот за развој на стартап компаниите во земјата е огромен, а во наредните години заеднички ќе работат на тоа Северна Македонија да ја направат регионален старт ап центар, каде секое младо лице со идеја ќе може да ги оствари своите бизнис идеи.

МИА

Може да ви се допадне

ОД ШТАЛА ДО РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Како словенечката фарма „Фирбас“ стана европски хит
Европски модел кој инспирира: Како задругата „Мелинда“ во Италија ги спаси семејните фарми
Лекција од соседите: Како српските пчелари САМИ ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАСМАНОТ на медот
Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Таг:БитиќиПетроврегионален центарстартап
Претходен напис Како да одгледате ловоров лист во саксија
Следен напис Пет милиони евра на располагање на Македонија и на Албанија на 3. повик за прекугранични проекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?