Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Во јули август и септември уништени повеќе од 43 тони небезбедна храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Во јули август и септември уништени повеќе од 43 тони небезбедна храна
Агровести

АХВ: Во јули август и септември уништени повеќе од 43 тони небезбедна храна

Објавено 27/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од 14,8 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло, уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на спроведените 12 532 инспекциски надзори во третото тримесечје од годинава. Согласно Законот за безбедност на храна, од вкупно уништените над 43 тони небезбедна храна, во јули, август и септември, самите оператори уништиле 28,5 тони, кои не ги задоволувале критериумите за безбедност.

За констатираните недоследности со контролите, инспекторите за храна и официјалните ветеринари, во рамки на извршените 6 251 редовни, 1077 контролни и 5 204 вонредни инспекциски надзори, во овој временски период,  донеле 1 455 решенија, изрекле 467 мерки едукација, и поднеле 5 прекршочни пријави.

Агенцијата за храна и ветеринарство во третото тромесечје од 2020 година, нема евидентирано забранети ниту уништени пратки со увозни производи од неживотинско потекло и пратки со материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Како небезбедни, забранет е влез во државава на четири пратки увозни производи од животинско потекло, со вкупна количина од 19 тони и 753 килограми. Во јули, август и септември, Агенцијата за храна и ветеринарство, нема евидентирано уништени производи од животинско потекло од увоз.

За извоз на храна од неживотинско потекло, во јули, август и септември, издадени биле 716, а за извоз на храна од животинско потекло – 458 сертификати.   

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:ахвнебезбедна хранахрана
Претходен напис Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки
Следен напис Која храна има најмногу ПЕСТИЦИДИ и како да ги намалите?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?