Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Градоначалник чувал овци, бидејќи сточарот бил заразен со Covid-19!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Градоначалник чувал овци, бидејќи сточарот бил заразен со Covid-19!
Агровести

Градоначалник чувал овци, бидејќи сточарот бил заразен со Covid-19!

Објавено 26/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градоначалникот на сицилијанскиот град Петросино, Gaspare Giacalone  , воопшто не се двоумел што да направи кога еден локален сточар се обратил кај него за помош бидејќи  тој и целото негово семејство биле заразени со коронавирусот и не можеле да најдат никој да го чува стадото со 250 овци.

” Можете да ме пронајдете помеѓу овците, јагнињата и козите затоа што загрижениот сточар Антонио ме замоли за помош. Само што откри дека целото негово семејство е заразено и не може да најде некој што ќе се грижи за стадото. Веднаш истрчав да му помогнам“, напиша градоначалникот  на својот Фејсбук профил на 13 ноември.

 Тој додаде дека Антонио ја сака својата работа, дека тоа е целиот негов живот и дека неколку пати повторувал преку телефон, со грутка во грлото, дека овие суштества не можат да се напуштат.

 “Корона вирусот директно или индиректно влијае и на оние кои немаат никаква врска со тоа. Да се ​​биде градоначалник значи и жртвување и помагање на луѓето. Денес се чувствувам малку повеќе од обичен политичар“, напишал тој.

 Тој вели дека кога дошол на фармата видел животни, како што се јагниња стари само неколку дена, и едноставно немал срце да ги напушти.

Откако одекна оваа вест, тој добил многу пораки, а некои дури и се понудиле да посвојат јагне. “Многумина подадоа рака, но во оваа работа тешко може да се импровизира. На пример, кучињата кои го чуваат стадото можат да бидат многу агресивни, треба да знаете како да се справите со нив, изјави тој за Immagina, додавајќи дека меѓу добиените понуди е и понудата на неколку млади имигранти со чија помош се грижеше за овците, сè додека сточарите не се опоравија.

Се откажал од високата плата за да се бори со мафијата

Инаку, Gaspare Giacalone  е дипломиран економист и магистер по деловна администрација и долги години бил службеник во Европската инвестициска банка во Лондон. Тој одлучи да ја остави својата висока плата од тоа работно место и да се кандидира за градоначалник на овој мал град со само 8.000 жители.

 Потекнува од земјоделско семејство и веднаш штом победил на изборите за градоначалник почнал да се бори со мафијата што изградила хотели на само неколку метри од самиот брег.

Поради ова тој добивал и многу закани по сопствениот живот, меѓутоа сепак победил.

Обвинителството ги  заплени зградите кои биле изградени долж крајбрежјето, а регионалната влада направила увид во агенциите за управување со јавен отпад, кои исто така работеале со мафијата.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градоначалникиталијафармери
Претходен напис Германските фармери бараат повисоки откупни цени за млекото и месото
Следен напис Заев: Инвестицијата „Интернационал фреш фуд“ носи нови 3000 вработувања и развој на кооперантските односи со земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?