Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фазлији: Занаетчиите погодени од корона-кризата, очекуваат дополнителна помош со следниот пакет мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фазлији: Занаетчиите погодени од корона-кризата, очекуваат дополнителна помош со следниот пакет мерки
Агровести

Фазлији: Занаетчиите погодени од корона-кризата, очекуваат дополнителна помош со следниот пакет мерки

Објавено 25/11/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ковид-кризата ги погоди и занаетчиите. Најпогодени се оние поврзани со туризмот како и дефицитарните занаети-занаетите во изумирање. Поддршка од државата преку антикризните мерки добиваат. Опфаени се и во досегашните мерки, а очекуваат дополнителна помош и при донесување на следен ковид-5 пакет.

Ова го истакнува во интервју за МИА претседателот на Занаетчиската комора на Куманово и претседател на Занаетчиската комора на Македонија Агрон Фазлији, кој говори и за изумирањето на некои занаети, и начинот како да добијат поддршка.

Министерството за економија го објави јавниот повик за кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност со кој се покриваат до 60 отсто од докажаните трошоци за набавка на алати и репроматеријали во 2020 година, но не повеќе од 60.000 денари. Кој има право на учество на повикот? Кој е крајниот рок за апликација на овој повик?

Право на учество на јавниот повик објавен од Министерството за економија имаат сите занаетчии и вршители на занаетчиска дејност коишто поседуваат занаетчиска дозвола, односно коишто извршиле усогласување со Законот за занаетчиство. Потребните формулари се достапни на веб-страницата на Министерството за економија и мора да истакнеме дека ќе се поддржат оние кои први аплицираат, односно ќе се работи по принципот – прв дојден-прв услужен.

Колку занаетчии аплицираа за четвртиот сет мерки и што за нив е обезбедено што ќе користат, субвенции за плати, поддршка за набавка на репроматеријали?

Според наши податоци, неофицијални имаме информација дека 90 проценти од занаетчиите аплицираа за парична помош од 17.400 ден за паушално оданочените занаетчии, а за фискализираните занаетчии висината на помошта зависи од прикажаната загуба во текот на ковид-кризата.

Од почетокот на ширењето на пандемијата, занаетчиите беа навистина погодени како сектор, дали користеа субвенции за плати и придонеси?

На почетокот на кризата сите занаетчии коишто аплицираа добија парична помош од 14.500 за април, мај и јуни, а, исто така, бевме ослободени од персонален данок за март, април, мај, јуни и јули. Најпогодени во кризата се оние занаети кој најповеќе се поврзани со туризмот како и дефицитарните занаети-занаетите во изумирање.

Дали размислувате да барате дополнителна помош за занаетчиите?

За дополнителни барања со Владата ќе разговараме при донесување на Ковид 5 пакетот од јануари, идната година , но се надевам дека ќе почне да се стабилизира ситуацијата, па да не мораме да сме на товар на државата.

Неодамна, потпишавте Меморандум за соработка со Сојузот на стопански комори, што е предвидено со него?

Со меморандумот за соработка со Сојузот на стопански комори, предвидено е преку проекти да се организираат работилници, пред сè за старите занаети како и заеднички настап пред владините институции, со цел развој на стопанството и занаетчиството како дел од него.

Дел од занаетите се во изумирање, дали разговарате со надлежните министерства за нова дополнителна поддршка?

За занаетите во изумирање подготвуваме посебен закон за субвенционирање на занаетчиите, со кој овие занаети би добиле посебни олеснување.

Последниве десетина години државата се соочува со одлив на стручни кадри занаетчии, веќе нема бравари, водоводџии, електричари. Кои се размислувањата на комората и кои се предлозите до стручните да се задржат овие кадри во државата?

Како што кажав претходно со нашиот предлог на Закон за субвенционирање на занаетчиите, сигурен сум дека нема да има одлив на стручен кадар во странство.

Колку занаетчии има регистрирано?

Бидејќи сите занаетчии не се усогласени со новиот закон за занаетчиство, во моментов претпоставувам дека има пет-шест илјади занаетчии.

Колку од нив ги затворија фирмите и колку вработени се отпуштени, поради пандемијата?

Точната бројка на затворени занаетчиски фирми ќе ја имаме на крајот од оваа година кога сите 15 регионални комори ќе поднесат извештај до републичката комора.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дополнителна помошзанаетчиикорона-кризапакет мерки
Претходен напис Дебата за заштита на дивите видови растенија кои се собираат за трговски цели
Следен напис ИМЕ – Швајцарски проект во поддршка на македонскиот агрокомплекс: Грантови, техничка помош и можност за нови вработувања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?