Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трета годишна конференција за е-трговија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трета годишна конференција за е-трговија
АгровестиПазари

Трета годишна конференција за е-трговија

Објавено 25/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Предизвиците, можностите и ефектите од ковид-кризата кон бизнисите ќе бидат во фокусот на третата годишна конференција за е-трговија во земјава „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“, што денеска и утре ќе се одржува онлајн.

Организатор е Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Конференцијата ќе изобилува со богата дводневна програма што се состои од повеќе од 30 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со интернет продажба, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата. Конференцијата ќе биде збогатена и со забавни делови каде што ќе се доделуваат вредни награди за учесниците.

-Третата годишна конференција за е-трговија претставува уникатна прилика да се добијат совети за раст и развој на бизнисот и да се слушне од прва рака искуството од реномираните меѓународни и домашни експерти со користење на електронска трговија, како и да се дознаат начините за зголемување на онлајн безбедноста, збогатување на корисничкото искуство во периодот на глобалната пандемија и можностите кои ги нуди меѓуграничната е-трговија, велат организаторите.

На конференцијата ќе учествуваат Јориј Абрахам, директор на европската Е-commerce foundation што ги обединува сите асоцијации за е-трговија во Европа, Барбара Сеса, одговорна за дигитални производи за Европа во Мастеркард, Хауард Кингстон, кој е истакнат ветеран и маркетинг експерт, Тобјорн Фредриксен кој го води одделот за анализа на ИКТ во Конференцијата на ООН за трговија и развој (УНКТАД) и многу други истакнати странски и домашни говорници.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:е-трговијаконференцијаПредизвици и можности
Претходен напис Бугарија: Земјоделци земаат милиони евра субвенции за пасишта на кои пасат виртуелни овци?
Следен напис Дебата за заштита на дивите видови растенија кои се собираат за трговски цели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?