Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме, Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола ја намали цената на пастрмката, одгледувана во сопствените рибници.
Суштински дел на одговорот на Ковид 19 е осигурување на пристапот до домашни производи – безбедна, хранлива и здрава храна. Со оваа интервенција на цените сметаме дека ќе дадеме придонес за намалување на отежнатиот пристап до храна како последица на ограничувањата што се наметнаа поради пандемијата.

Претпријатието и во иднина ќе продолжи да ја надградува методологијата за цените како рационална мерка, со најразлични интервенции, а со цел реално следење на целокупната состојба во интерес на граѓаните.Купувајте македонски производи.
Фејсбук статус на Менде Граматковски – директор на ЈП Стрежево

