Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производство на спанаќ во пластеник во текот на зимата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Производство на спанаќ во пластеник во текот на зимата
Агровести

Производство на спанаќ во пластеник во текот на зимата

Објавено 23/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производството на спанаќ во затворен простор најчесто се прави во зимскиот период. Спанаќот доаѓа на второ место во плодоредот или како предкултура за пролетно производство. После сите извршени есенски агротехнички мерки, орање, фрезирање и т. н се врши рамнење на површините и сеидба на спанаќот.

Рамнењето на површината е многу важно при садење на спанаќот. Рамната површина овозможува сеидба на иста длабочина која подоцна се гледа во изедначеното никнување на растенијата. Тоа овозможува рамномерна употреба на заштита, прихрана и овозможува еднаков принос на растенијата. Исто така, на рамна површина подобро се поставува и одржува заштитниот филц после употребата на хербициди.

Сеењето на спанаќот може да се изведува на повеќе начини: со рачно сеење или со помош на пневматска модерна сеалка. Сеидбата во пластеник најдобро е да се направи со рачна сеалка. Причината за тоа е што овој начин на садење се овозможува обработка на почвата меѓу редовите кај оние земјоделските производители кои не употребуваат заштита против корови после сеидбата.

Сеењето со рачна сеалка се изведува во редови, а растојанието помеѓу редовите зависи од начинот на одгледување и хибридите. Меѓуредовото растојание се движи од 10 до 25 см, додека растојанието зависи од големината на семето и конструкцијата на рачната сеалка. Рачната сеалка е конструирана за слободен пад на семето така да не е во можност прецизно да го распореди семето. Важно е за време на сеењето да се одржува истото меѓуредово растојание за да се подобри циркулацијата на воздухот и аерацијата на земјиштето. Длабочината на садењето е од 2 до 3 см. Овде е многу важно, веќе спомнатото, рамнење на земјиштето. На рамно земјиште имаме иста длабочина на сеење, а после и никнување на растенијата. После завршената сеидба се врши  наводнување со помала норма на пример 8-12 литри по метар квадратен. После завршената сеидба се врши наводнување со помала норма на пример 8-12 литри по метар квадратен.

После наводнувањето доаѓа до дополнително рамнење и повлекување на земјиштето и се создава површина каде дејството на хербицидите е максимално. Исто така, причина за помала норма е тоа што семето се наоѓа плитко во земјиштето.

После првото наводнување се врши примена на хербициди на база s – metolaklor кој работи на принцип запирање на никнувањето на тесно лисни и помал број широколисни едногодишни корови. Планот на заштита зависи од самите услвои во пластеникот и избраниот хибрид.

Потребно е следење на состојбата на растенијата и по потреба превентивно да се третираат. Иако се работи за зимско производство на зеленчук проветрувањето на пластеникот е задолжително. Со проветрувањето се регулира влажноста на воздухот која во комбинација со покачена температура создава идеални услови за развој на болести.

Извор: pssrs.net

Може да ви се допадне

Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Турција со историски рекорд во земјоделството
Турција воведува квота за увоз на сончоглед и сончогледово масло
Шпанија издвојува 665 милиони евра помош за ѓубриво за земјоделците и подготвува план за производство
Во Пробиштип почнува пријавувањето на штетите од пожарот, изгорени над 250 хектари
Таг:одгледување спанаќпластеникспанаќ
Претходен напис ХЕМОМЕТАЛ: Пристигна новата пратка на СОЛИС 45, дефинитивно најбараниот за оваа година!
Следен напис Четвртиот „Macedonian Manufacturing Expo“ онлајн од утре до 26 ноември
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?