Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: До 2030 година побарувачката за нафта во светот може да опадне за 70 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > До 2030 година побарувачката за нафта во светот може да опадне за 70 отсто
АгровестиПазари

До 2030 година побарувачката за нафта во светот може да опадне за 70 отсто

Објавено 23/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Драстичниот премин кон електрични возила, што ќе го предводи Кина, до 2030 година за 70 отсто ќе го намали растот на глобалната побарувачка за нафта, покажува истражувањето на консултантската куќа „Карбон трекер”.

Според истражувањето, Кина за 10 години може да заштеди повеќе од 80 милијарди американски долари годишно од увоз на нафта, благодарение на се поконкурентните возила со погон на новите избори на енергија (НЕВ).

Британските медиуми јавуваат дека истражувањето е засновано на „конзервативното” сценарио на Меѓународната агенција за енергетика (ИАЕ), кое предвидува дека електричните возила до 2030 година ќе сочинуват 40 проценти од вкупната продажба на автомобили во Кина и 20 проценти од продажбата во Индија и другите пазари во развој.

Трошоците за увоз на потребната нафта за производство на гориво за просечен автомобил се десет пати повисоки од трошоците за набавка на соларна опрема потребна за производство на струја за напојување на електрично возило, истакнува „Карбон Трекер” во своето истражување.

Кина се уште нема утврдено кога точно ќе го забрани производството и продажбата на традиционалните автомобили, но неименуван официјален претставник на автомобилската индустрија на почетокот на овој месец изјави дека новите електрични возила до 2035 година ќе претставуваат половина од целокупната продажба на нови автомобили, додека останатите ќе бидат хибридни возила.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2030електрични возиланафтапобарувачка
Претходен напис Илјадници тони бугарски компири скапуваат во магацините и на полињата поради ниските увозни цени!
Следен напис ХЕМОМЕТАЛ: Пристигна новата пратка на СОЛИС 45, дефинитивно најбараниот за оваа година!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?