Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Студен воздушен бран доаѓа на Балканот!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Студен воздушен бран доаѓа на Балканот!
Агропрогноза

Студен воздушен бран доаѓа на Балканот!

Објавено 20/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поларниот бран кој се спушта од Арктикот, особено од денес попладне и ќе го зафати целиот Балкански Полуостров и насекаде ќе донесе зимски температури на воздухот. Во делови од Босна, Хрватска, Црна Гора и западните предели на Србија ќе го донесе и првиот снег и на пониските места.

Сето ова ќе биде проследено и со силен, до олуен ветер од северен и од североисточен правец, додека на Јадранот олујна до орканска бура која може да прави и проблеми.

Наутро ширум Балканот температурите на воздухот ќе се спуштаат и под -10 степени.

Во Македонија како што веќе најавивме, услови за слабо и локално провејување на снег ќе има особено на планинските места. Максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени, додека наутро насекаде температурите на воздухот ќе се спуштаат под нулата и истите ќе бидат во интервалот од -8 до 0 степени, сепак особено во Беровскиот регион истите има услови да се спуштат и до околу -10 степени.

Да напоменеме дека температурите на воздухот кој се очекуваат ќе бидат под просекот, односно ќе биде невообичано студено за ноември месец.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:временска прогнозаПоларен бранстудено време
Претходен напис Завршен настан за Кампањата за промоција на ИПАРД Програмата 2014-2020
Следен напис Азотни ѓубрива – препорачливо е да се користат во пролет и лето!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?