Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Недостатокот од пченка во Кина го разниша пазарот – се очекуваат повисоки цени во цел свет?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Недостатокот од пченка во Кина го разниша пазарот – се очекуваат повисоки цени во цел свет?
АгровестиПазари

Недостатокот од пченка во Кина го разниша пазарот – се очекуваат повисоки цени во цел свет?

Објавено 17/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Ripe and hull corn on pile prepared for transportation. In background is truck.
Сподели
Ad imageAd image

Поради недостиг на пченка, кинеските трговци се принудени да увезуваат од странство за да ги снабдат домашните сточари и земјоделци.

Доколку овој тренд продолжи, Кина може да ја освои титулата најголем откупувач на житни култури оваа земјоделска сезона и да ја прекине традицијата што ја имаше до сега односно да не се потпира само на сопствените извори. Резултатот од сето ова може да биде силен пораст на цените на храната не само во таа земја, туку и низ целиот свет, наведува Ројтерс.

Зголемениот увоз и проблемите во другитеземји кои се клучни производители, ги зголемија цените и на пченицата и на јачменот низ целиот свет, што може да предизвика шок во месната, и млечната индустрија во следните месеци, предупредуваат аналитичарите и трговците.

“Големата вест на пазарите со жито е трансформацијата на Кина во најголем увозник на пченка во светот. Трговците не очекуваат дека тоа ќе се случи толку брзо“, рече францускиот економист Филипе Чалмин, директор на публикацијата за стоковна трговија Циклоп.

Така, извозните цени на американската пченка 2YC-NOLA-A1, руската пченица KTS-W11RUAS-FOB и францускиот јачмен BAR-FOBRUEN-P1 се зголемија за 25-30% од мај, додека Глобалниот индекс на цените на житото во ООН порасна за 17% во  споредба со минатата година и се на највисоко ниво повеќе од пет години.

Што се однесува до Одборот за трговија во Чикаго, во изминатите три месеци, цените на пченката Ccv1 и на пченицата Wcv1 се зголемија  за 25% и 17,5%, соодветно.

Се купува предвреме, додека цените се сеуште прифатливи

Во првите девет месеци од оваа година, кинескиот увоз на јачмен, пченка и пченица се покачи за 83,3%, односно изнесува  20,86 милиони тони, според царинската управа, и се очекува рекорден откуп на земјоделски култури. После мај, увозот се интензивираше бидејќи Кина исцрпи огромни залихи за краток временски период, а неповолните временски услови ја оштетија овогодишната пченка.

Купувачите резервираа околу 17 милиони тони од оваа житарица за пазарната 2021 година, која започна на 1 септември, и се подготвени да купат повеќе, со што Кина  заедно со Јапонија ќе биде  втор најголем увозник на оваа култура во светот.

Патем, месната индустрија успеа да се опорави оваа година по две лоши години време бидејќи околу стотици милиони животни починаа поради смртоносната епидемија на африканска свинска чума. Земјата во моментов брзо го обновува своето стадо свињи, далеку најголемо во светот. Да потсетиме, постојат  објекти  со  12 ката, во кои планираат да произведат 840 000 свињи годишно.

Разнишан светскиот пазар

Во однос на снабдувањето, лошите временски услови оваа година ја намалија достапноста на пченка во САД, на  пченица во црноморската област и ориз во југоисточна Азија.

Кина во последните девет месеци увезла  француски јачмен, 1,08 милиони тони. Само за споредба, минатата година увезе 612.945 тони.

„Кина мудро резервираше пратки од житарици и маслодајни семиња неколку месеци пред нагло да пораснат цените“, заклучи Оле Хоу од брокерската фирма „ИКОН Комодитес“ со седиште во Сиднеј.

Лошата понуда и инфлацијата веќе им наштетија на некои големи купувачи, како што е клучниот производител на месо – Бразил. Другите нема да го почувствуваат влијанието на повисоките цени на житариците до следната година, велат аналитичарите.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:кинапазарисветски пазарцени
Претходен напис Министерот Хоџа на средба со тутунопроизводителите од Црнилиште, Дебреште и Житоше
Следен напис Граѓанскиот сектор активно ќе ги следи преговорите за поглавјето за животна средина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?