Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчелите праќаат СМС пораки – неверојатен изум кој ги воодушеви пчеларите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пчелите праќаат СМС пораки – неверојатен изум кој ги воодушеви пчеларите
АгровестиМагазин

Пчелите праќаат СМС пораки – неверојатен изум кој ги воодушеви пчеларите

Објавено 12/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Електроинженерот Емир Хашимбеговиќ од Пријепоље, на еден сосема несекојдневен начин ги спои своите две големи љубови – електроника и пчеларство!

Иако на прв поглед звучи неверојатно, пронашол врска помеѓу овие две професии и по примерот на патент од Запад, конструирал GSM-SMS вага за мерење на приносите на мед кој пчелата го внесува во кошницата. Така, благодарение на пораките што ги добиваат преку мобилните телефони, пчеларите од Пријепоље се во постојан контакт со своите пчели кои им „даваат дневни извештаи“ за сработеното во текот на денот.

– „Тоа е дигитален уред кој ги следи приносите и губитоците на мед , па на сопственикот на кошниците автоматски му испраќаат СМС порака. Јас со пчеларство се занимавам од неодамна, но веќе знам дека на поискусните колеги, оваа информација им беше многу корисна, а особено во текот на неодманешната вонредна состојба, кога не беа многу во можност редовно да ги посетуваат пчеларниците“ – објаснува Емир.

Вели и дека знаел за постоење на слични уреди но одлучил да конструира нешто токму по своја мерка, па неговата GSM-SMS вага ја следи комплетната состојба во пчеларникот: температурата на околината, влажноста, вкупната тежина на кошницата и дневниот внес на мед.

–„Модулот за испраќање на СМС пораки ја следи состојбата на мед во кошницата и потоа, во зададен временски интервал, го известува сопственикот на кошницата. Со оглед на тоа дека многумина своите пчели ги чуваат во оддалечени места и често им претставува дополнителен напор непосредно да ги надгледуваат, мојот изум им овозможува да одат далеку и по неколку стотина километри, а повторно во секој момент да знаат што се случува на терен“, гордо раскажува Хашимбеговиќ.   

Пчеларот Мирсад Хоџиќ вели дека Емировиот изум му заштедил многу време, а истовремено му овозможува и тоа во реално време да  го следи здравјето на пчелните семејства и благовремено реагира ако се покаже дека нешто недостасува.

Интересно е и тоа што Емир Хашимбеговиќ своевремено четири години бил претседател на Општината во Приепоље, а по престанокот на функцијата се посветил на работа во струката и сега е вработен во Телеком, на работи поврзани со дигитализација.

Извор: novosti.rs

Може да ви се допадне

Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Таг:ПријепољепчеларипчелиСМС
Претходен напис ДУЊИ – како природата на фантастичен начин не подготвува за зимата!
Следен напис Влијанието на пандемијата од COVID 19 врз потрошувачката и заштедата на домаќинствата во ЕУ
1 коментар 1 коментар
  • Игор Илков напиша:
    на 14/11/2020 г. во 01:46 часот

    Па во Македонија ги користиме овие “смс ваги” уште пред 10 години !!!

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?