Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повратот од Викендот без ДДВ ќе се изврши во два дена, налозите доставени, исплатата утре и задутре
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повратот од Викендот без ДДВ ќе се изврши во два дена, налозите доставени, исплатата утре и задутре
Агровести

Повратот од Викендот без ДДВ ќе се изврши во два дена, налозите доставени, исплатата утре и задутре

Објавено 09/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Управата за јавни приходи ги достави налозите за повратот на ДДВ на граѓаните од мерката Викенд без ДДВ, а исплатата ќе се врши од утре.
На сметките на оние што скенираат фискални сметки и направија промет во Викендот без ДДВ ќе легнат над 66 милиони денари.

Од Управата за јавни приходи за МИА информираат дека парите на граѓаните ќе бидат вратени за два дена, односно повратот од ДДВ ќе го добијат во утре или задутре на своите сметки.

Мерката Викенд без ДДВ  е дел од четвртиот сет антикризни мерки кои се во вредност од 470 милиони евра, а целта да се придонесе за намалување на ефектите од ковид-кризата и да се поддржат граѓаните и стопанството. Се реализираше на 10,11 и 12 октомври 2020 година  и предвидуваше поврат на целиот износ на платениот ДДВ за купени македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема.

Во трите дена 204 088 граѓани купиле македонски производи или услуги и компјутерска опрема и беа скенирани три пати повеќе фискални сметки, а осстварениот промет беше за 9,5 пати поголем во односна истиот викенд лани.

Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на  ДДВ во износ од  66.853.929  денари. Во Викеднот без ДДВ беа скенирани трипати повеќе  фискални сметки и беше остварен  9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи во однос на истиот викенд од минатата година.

По исплатата на повратот од Викендот без ДДВ, Управата за јавни приходи ќе ја почне обработката на налозите за повратот од МојДДВ за третото тримесечје, по што ќе започне и исплатата на тие средства на граѓаните. По овој основ кај граѓаните на сметките ќе бидат префрлнеи речиси 430 милиони денари.

Во текот на третото тримесечје, односно во месеци јули, август и септември 2020  сппред податоците на Управата за јавни приходи, остварен е промет од  29,8 милијарди  денари, од кои прометот од македонски производи изнесува  7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува  21,9 милијарди денари. 

На граѓаните за ова тримесечје  ќе им се врати, односно исплати  околу 430 милиони денари, како дел од ДДВ што го оствариле граѓаните од скенирани фискални сметки во јули, август и септември 2020 година. Преку МојДДВ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 отсто за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 отсто за останатите добра и услуги.

Од УЈП наведуваат дека трговците и давателите на услуги се должни да ги означат  одделат правилно македонските добра и услуги од останатите добра и услуги во фискалните апарати, а издадената фискална сметка задолжително да го искажува прометот од сите македонски производи и услуги.

-Само преку правилно искажан промет од македонски производи и услуги граѓаните може да остварат поголемо право на враќање на дел од данокот на додадена вредност односно 20 отсто. Скенирањето на фискалните сметки значи пари назад кај граѓаните, значи издавање на фискални сметки за секој купен производ, значи формализирање на неформалната (сива) економија.

Управата за јавни приходи е партнер со компаниите и со граѓаните, и заеднички се бори против сите кои не ги почитуваат даночните правила во државата, посочуваат од УЈП:

Апликацијата МојДДВ може да ја користи секој граѓанин со навршени 15 години и кој е регистриран на електронскиот систем на Управата за јавни приходи.

МИА


Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Викенд без ддвдоставени налозиисплатафискални сметки
Претходен напис (ВИДЕО) Плантажа со лаванда, берба и дестилација
Следен напис Црн лимон – додадок во јадењата од Блискиот исток?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?