Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонско вино од Камник меѓу десетте најдобри во светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонско вино од Камник меѓу десетте најдобри во светот
Агровести

Македонско вино од Камник меѓу десетте најдобри во светот

Објавено 05/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тен Барелс Сира 2017 Резерва (Ten Barrels Syrah 2017 Reserva) од Винарија Камник доби златен медал и е прогласено за едно од најдобрите 10 Сира вина во светот, на Сира ду Монде 2020 (Syrah du Monde 2020), Меѓународен натпревар за најдобрите Сира вина. Сира 2017 од Винарија Камник го зазема престижното второ место претставувајќи ја нашата држава, пред пласираните производители од Австралија, Франција, САД, Португалија, Канада, Јужна Африка.

Четиринаесеттиот квалитативен натпревар на најдобрите светски вина Сира/ Шираз се одржа на 27-29 октомври во Шато д’Ампуис во северната долина на реката Рона, Франција. Во контекст на натпреварот се дегустирани 307 примероци Сира вино од 27 земји, во согласност со меѓународните правила и се доделени само 14 златни медали на светско ниво.

Сира 2017 од Винарија Камник е вино добиено од сопствените насади, и се карактеризира со интензивна рубин црвена боја, висок екстракт и голем потенцијал за созревање, додека букетo изобилува со ароми на црвено и црно ситнозрнесто овошје. Комплексноста на ова вино се должи на 17-месечното одлежување во нови буриња од американски и француски даб кои придонесуваат за добивање дискретни зачински тонови, елегантен и полн вкус, со одлична структура, кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми со долготраен послевкус.

Тен Барелс Сира 2017 Резерва од Винарија Камник е вино наградено со уште два златни медали, на Балканскиот меѓународен вински натпревар (The Balkans International Wine Competition) од 2019 и на Мундус Вини од 2020 година (Mundus Vini Spring Edition).

Сортата Сира е родена многу одамна на ридовите на северната долина Рона. Оттогаш успешно се шири и во другите француски региони и низ целиот свет. Како такви, вината Сира/ Шираз покажуваат богат спектар на сензорни карактеристики кои ги рефлектираат нивните различни тероари, клима и винарски практики.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винокамникнајдобри винанатпревар
Претходен напис Преговорите околу Брегзит сеуште траат, а фармерите веќе се на улица поради новиот закон
Следен напис Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на средба со Шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?