Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема интерес за изнајмување недвижни, граѓаните повеќе сакаат да купат стан, викендичка или магацин
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Нема интерес за изнајмување недвижни, граѓаните повеќе сакаат да купат стан, викендичка или магацин
Рурален Развој

Нема интерес за изнајмување недвижни, граѓаните повеќе сакаат да купат стан, викендичка или магацин

Објавено 03/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пандемијата на коронавирусот драстично го намали интересот за изнајмување недвижности. Иако пазарот на недвижнини последниве месеци почна да се стабилизира, граѓаните се внимателни дали и каде да ги вложат своите пари.

„Од кризата на удар најмногу се недвижностите под закуп. Овој дел од пазарот претрпе големи последици. Интересот за изнајмување е драстично намален, а пазарните цени на надвижностите под закуп, особено резиденцијалните објекти (станови и куќи), се намалија“, вели Лилјана Ковачева, претседател на Групацијата на агенции на недвижности.

Идентични показатели имаат и во консултантнската компанија за недвижен имот – „Фортон“. Голем пад е регистиран во побарувачката на дуќани, особено на оние кои се лоцирани во шопинг моловите што е сосема разбирливо имајќи ја предвид актуелната ситуација.

„Купувачите се претпазливи бидејќи станува збор за внатрешен простор, па затоа сега многу почесто ги посетуват шопинг центрите кои се на отворено, како на пример Retail Park- Point“, вели генералниот директор, Влатко Богоевски.

Опадната е и побарувачката на канцелариски простор. Анализата на „Фортон“ покажува дека една од причините е фактот дека некои од професиите, особено вработените во ИT секторот, работат од дома.

„Работата со компјутер не мора да биде поврзана со канцелариски простор на одредена локација, што е секако олеснувачки за овој бизнис. На ваков начин на работа се префлуваат и други сектори, а заедничко за сите нив е дека ангажираат консултанти кои ги советуваат како да работат од дома, односно како да продаваат на интернет“, вели Богоевски.

Токму поради ова, зголемена е продажбата на логистички центри (магацини). Логиката е едноставна, посочуваат во „Фортон“ – наместо одреден производ да се продава во продавница, тој се рекламира и продава на интернет. Не само што е поедноставно, туку е и многу поефтино.

Од друга страна несмален е интересот за продажба и купување стан. По негативните ефекти кои короната ги имаше во март и април, овој дел од пазарот регистрира нагорен тренд особено во Скопје каде е и најголем интересот за купување стан. По првиот шок, луѓето малку се охрабрија, вели Ковачева, па продажбата продолжи со нормален тек, дури и со мал пораст.

Зголемен интерес има и за купување недвижности надвор од градовите, или пак во некои од туристичките центри. Податоците покажуваат дека се реализирани се повеќе купопродажни договори за куќи и станови на овие локации. Потребата од поседување недвижност надвор од градскиот метеж стана многу поочигледна во новонастанатите услови во кои луѓето бараа начини како да се ослободат од притисокот на карантинот, но и можност да бидат надвор без какви било ограничувања.

Професионалците кои работат со недвижнини се едногласни дека пандемијата е вистинско време за инвестирање. Одлуките за купување на недвижности во овој период имаат одлична економска логика. Цените се намалени, вели Богоевски, а претпоставката дека корона кризата нема брзо да заврши е во полза на купувачите. Идентичен е и советот на Групацијата на агенции на недвижности.

„Граѓаните не треба да се воздржуваат од вложување. Особено е поволно за младите кои имаат стабилни приходи да вложат во својата иднина и да се „вдомат“: цените се поволни, изборот е голем, а и каматните стапки се поволни, така да на сите оние кои не се директно на удар од кризата, им препорачувам дека сега е вистинскиот момент е за вложување, вели нејзиниот претседател Лилјана Ковачева.

Податоците за пазарот на недвижности во третиот квартал се очекуваат следниве денови, а во вториот квартал Агенцијата за Катастар регистрираше 1334 продадени станови или 300 помалку од првите три месеци. Вкупниот број на продадени недвижности е 3.197 или 1.728 помалку од периодот јануари-март. При тоа најголем бил интересот за старите градби.

Извор: Локално.мк

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Николоски: Македонија да се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:Викендициинтереснедвижнинистанови
Претходен напис (Видео)Со ребалансот на буџетот пари и за исплата на субвенциите за млекопроизводителите
Следен напис Владата го именува Стево Крстевски за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?