Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Алачки: Тука и разбојот ја раскажува својата приказна, колку ли килими и черги се исткаени од бабата која со гордост ми вели ,, ова сум јас на сликата кога бев млада”…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Алачки: Тука и разбојот ја раскажува својата приказна, колку ли килими и черги се исткаени од бабата која со гордост ми вели ,, ова сум јас на сликата кога бев млада”…
Рурален Развој

Алачки: Тука и разбојот ја раскажува својата приказна, колку ли килими и черги се исткаени од бабата која со гордост ми вели ,, ова сум јас на сликата кога бев млада”…

Објавено 03/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Amazing Macedonia??????❤Наскоро и во Вкусот на традицијата!

Пишувајќи ја мојата втора книга, Вкусот на традицијата ( The taste of Tradition) неизбежен и најважен дел е да ја истражувам мојата земја, мојата чудесна Македонија. Патот ме однесе во пределот Белчишки Атар…во посета на селата Белчишта, Лешани, Соши, Ново Село, Сини вирој….ах од убавините на овие места и здивот застанува.

Што ми остави најсилен впечаток, милоста, гостопримството и топлината на жителите на селата. И до ден денешен, лебот и солта ја делат со соседот, не почнуваат да јадат ако не се дојдени пријателите или соседите, последно ако им е ќе Ви го дадат, ќе наздрават и ќе се пофалат со домашната ракија и вино, со домашниот леб и со губата, компирот на Пере, гравчето со коски на Ѓурѓа, а на крајот се завршува со песна од нивниот крај.

Тука и разбојот ја раскажува својата приказна, колку ли килими и черги се исткаени од бабата која со гордост ми вели ,, ова сум јас на сликата кога бев млада” , потоа ве прашува дали си гладна…жедна…ме испрати со зборовите ,, да си ги гледаш децата како очите во главата”.

Ах каква убост, сеуште постои тоа безусловно и безрезервно во луѓето, не им е гајле која си, за нив си ,,човек од крв и месо”, убавини…приказната продолжува кога домаќините и луѓето родум од таму ќе Ви откријат стари обичаи, стари рецепти, по некоја стара песна, за славите, за имендените и се со цел да го запаметите нивното гостопримство од срце.

Старите фотографии на ѕидот, тешки еден тон историја, им будат спомени на безгрижноста и слободата на животот. Поубав чај немам пробано, варен на ќумбето на дрва, мириса до соседниот двор…чајот на Данче…па раскажувањето на Трајче за историјата на местата…

И на крајот преполна со впечатоци се враќам во моето Скопје, дали овде е замрено времето на взаемност, човештина, искреност, какви ли срца во гради бијат полни со завист и отрови, човек страв да го фати. Понесена уште од впечатоци седнувам да пишувам, за следните генерации….дали ќе бидат доволни овие страници???да го испишам тоа што го доживеав…бидете здрави и живи благословени луѓе, останете за пример!

Фејсбук статус на Андријана Алачки

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Претходен напис Барањето за финансиска поддршка за плати ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци
Следен напис КФС: Финансискиот систем успешно се справи со првичниот удар од кризата, подготвен е за натамошните ризици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?