Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дигитален самит на Западен Балкан: Роамингот ќе биде целосно укинат во 2021 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дигитален самит на Западен Балкан: Роамингот ќе биде целосно укинат во 2021 година
Агровести

Дигитален самит на Западен Балкан: Роамингот ќе биде целосно укинат во 2021 година

Објавено 26/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Роамингот во регионот на Западен Балкан ќе биде целосно укинат на 1 јули во 2021 година, беше потврдено денеска на отворањето на третиот Дигитален самит на Западен Балкан (ЗБ), чиј домаќин е Тирана.

На отворањето на самитот, што се одржува онлајн, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мелинда Брегу, истакна дека историскиот договор од Белград во 2019 година започна со постепено укинување на роамингот, што конечно ќе биде завршено на 1 јули следната година. Третиот чекор ќе биде намалување на цената на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан и оние од ЕУ.

– Договорот од Белград направи голем чекор напред, а третиот чекор, кој ќе биде од среднорочен карактер, е да се намали цената на роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ. Подготовките за ова се веќе започнати и активностите ќе бидат презентирани за време на наредниот дигитален самит, рече Брегу.

Таа додаде дека забрзаната дигитализација треба да придонесе за интеграција на пазарот на земјите од Западен Балкан и дека идејата за единствен пазар, заснован на слободно движење на луѓе, стоки и капитал ќе биде потврдена на Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Блакан во Софија, што ќе се одржи на 10 ноември како дел од Берлинскиот процес.

– Целта е да се создадат нови можности за раст на компаниите и создавање на работни места. Регионот на Западен Балкан се соочува со нови предизвици поради пандемијата на ковид-19 и затоа дигиталната агенда е една од главните за развој во новите услови. Пандемијата драматично го смени светот што го познаваме и ја забрза дигиталната трансформација на општеството, па затоа треба во фокусот да бидат паметните политики за дигиталната револуција, посочи Брегу.

Според неа, и покрај кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, со која се соочуваат регионот и светот, на третиот Дигитален самит на Западен Балкан ќе се разгледа можноста за воспоставување партнерство со приватниот сектор во контекст на процесот на дигитална трансформација.

Брегу додава дека на самитот ќе учествуваат високи владини претставници од регионот, Европската комисија, бизнис заедницата и други партнери. Годинешниот самит, чиј домаќин е албанската Влада, се одржува онлајн, а во негови рамки е планиран завршниот министерски состанок на 2 ноември во Тирана.

По Скопје, кој беше домаќин на првиот дигитален самит на Западен Балкан во 2018 година и во Белград минатата година кога шест економии во регионот го потпишаа Регионалниот договор за намалување на цените на роамингот, самитот во Тирана ќе ги потенцира достигнувањата на дигиталната агенда за Западен Балкан.

Од денеска до 28-ми овој месец преку интернет можат да се следат бројни сесии за мрежно поврзување и поврзување на услуги, на дигитални вештини, на дигитална економија додека завршниот состанок на самитот ќе се одржи на 2 ноември со министерски панел за дигиталната агенда за Западен Балкан. Се очекува да биде усвоен Меморандум за разбирање за регионалната интероператибилност и услугите за доверба во регионот на Западен Балкан, како и Меморандум за разбирање за планот за дигитална трансформација на 5Г за Западен Балкан.

Дигиталниот самит на Западен Балкан е дел од повеќегодишниот акционен план за регионалната економска област, поддржан од лидерите од регионот во Трст во 2017 година.

Советот за регионална соработка, заедно со ЕУ, владите во регионот, ЦЕФТА и партнерите, е во напредна фаза на подготовка на Акционен план за заедничкиот регионален пазар.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2021дигитален самитЗападен балканроаминг
Претходен напис Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста
Следен напис Усвоени еврокодови за поголема конкурентност на македонското градежништво на европските пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?