Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Новата српска влада со три нови министерства – ресори за селото, човековите права и семејството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Новата српска влада со три нови министерства – ресори за селото, човековите права и семејството
Агровести

Новата српска влада со три нови министерства – ресори за селото, човековите права и семејството

Објавено 23/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во српскиот парламент стигнат е Предлог-закон за министерства, кој предвидува Владата на Србија да добие уште три нови ресори – Министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог, Министерство за семејна грижа и демографија, како и Министерството за грижа на селата.

Покрај новите, Владата на Србија ќе ги има веќе познати министерства: финансии, економија, земјоделство, шумарство и водостопанство, заштита на животната средина, градежништво, транспорт и инфраструктура, рударство и енергетика, трговија, туризам и телекомуникации.

Во Владата ќе бидат и Министерството за правда, државната администрација и локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, за надворешни работи, Министерството за европски интеграции, како и министерствата за образование, здравство, млади и спорт, култура и информирање, за труд, вработување и социјални работи.

Предлог-законот го потпишаа 167 пратеници од пратеничката група „Александар Вучиќ за нашите деца“ на Српска напредна партија (СНС). Собранието за нацрт-законот ќе расправа по итна постапка во сабота, на 24 октомври, за да може да се избере новата Влада, што е најавено за среда, на 28 октомври 2020 година.

Составот на новата Влада на Србија, треба да биде познат по седница на претседателството СНС, која како што е најавено ќе се одржи во недела на 25 октомври. Манадатар за составот на новата влада е досегашната премиерка Ана Брнабиќ, а вчера, досегашнито шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ беше изгласан за претседател на највисокиот законодавен дом на Србија.

Оливер Бранковиќ, Србија

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:руралноселосрбија
Претходен напис Компаниите со најниски приходи ќе добијат најголема финансиска поддршка за исплата на плати
Следен напис Подигање на насад со планински чај – од идеја до реализација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?