Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пуштена во употреба новата мониторинг станица за квалитет на воздух во Гевгелија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пуштена во употреба новата мониторинг станица за квалитет на воздух во Гевгелија
Агровести

Пуштена во употреба новата мониторинг станица за квалитет на воздух во Гевгелија

Објавено 15/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес, министерот за локална самоуправа Горан Милевски заедно со министерот за животна средина Насер Нуредини и градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, прусуствуваа на пуштањето во употреба на новата мониторинг станица за квалитет на воздух со што бројот на официјалните мониторинг станици во државата се зголеми на 18 и една дополнителна, мобилна мерна станица.

„Како министер кој што ја има одговорноста да ја координира имплементацијата на ИПА програмата за прекугранична соработка би сакал да ги повикам и другите општини, институции и организации да подготвуваат проекти со кои што реално ќе им помагаат на граѓаните. Се мобилизираме за во наредниот програмски период уште подобро да ја насочиме финансиската поддршка од предпристапните фондови на Европската Унија“ изјави министерот Милевски.

Министерот за животна средина Насер Нуредини рече дека:

„Ова значи збогатување на националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот, со што всушност ги остваруваме нашите стратешки цели и приоретити како Министерство за животна средина и просторно планирање и како Влада на Република Северна Македонија. Имено, борбата за подобрување на квалитетот на воздухот во рамки на предвидените краткорочни и долгорочни активности подразбира и одржување во добра кондиција на Државниот автоматски систем за квалитет на амбиенталниот воздух, но и зголемување на бројот на мерните станици“

Мониторинг станицата е набавена преку проектот „Развој и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот“ кој се спроведува во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а истиот е финасиран од Interreg-IPA CBC програмата помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

За реализација на овој проект, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка го финансираше проектот во вкупна вредност од скоро еден милион евра за двете држави, а националното кофинансирање во вредност од 15 % го обезбеди Министерството за локална самоуправа.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ГевгелијаГоран Милевскимотиторинг станицаНасер НурединиСашо Поцков
Претходен напис Прв работен состанок на министерот Хоџа со претставници на Делегацијата на Европската Унија
Следен напис Конференција: Од вкупно регистрираните 171.000 земјоделци, само 37.186 се жени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?