Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја продлабочува соработката со Платежните Агенции членки на ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја продлабочува соработката со Платежните Агенции членки на ЕУ
Агровести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја продлабочува соработката со Платежните Агенции членки на ЕУ

Објавено 14/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска во Софија, Р. Бугарија  се сретна со неговиот колега Васил Грудев. Двајцата директори разговараа за начинот на прилагодување и приближување на АФПЗРР, кон заедничката земјоделска политика на Европската Унија.

Директорот Бабовски, истакна дека договорена е размена на искуства помеѓу двете институции, преку практична примена и обуки.

„За нас е од исклучителна важност проширувањето на соработката со Платежните Агенции на земјите членки од ЕУ. Ова е продолжување на веќе воспоставените соработка со Платежните Агенции на Хрватска и Словенија. На овој начин, правиме се за да ги добиеме најдобрите искуства од сите Платежни агенции кои веќе се дел од ЕУ.“ -истана Бабовски.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во наредниот период ќе црпи искуство, за начинот на спроведување на земјоделските политики по европски стандарди и имплементирање на европското законодавство. Целата е навреме да се воспостави институционален систем кој ќе може да работи по правилата кои се утврдени од страна на ЕУ а се во насока Република  Северна Македонија подготвена да ги дочека преговорите со ЕУ како и стекнување на статусот полноправна членка.

Директорот на Платежната Агенција на Бугарија, Грудев истакна дека спроведувањето на шемите и механизмите за финансиска поддршка и апсорпција на европските средства се од огромно значење не само за Бугарија туку и за цел регион.

„Преку модернизација на земјоделските стопанства се зголемува конкурентноста на земјоделските стопанства на двете земји. Бугарија има искуство во градење на административен капацитет на Платежната Агенција како модел на европска институција која строго управува и го контролира трошењето на европските средства.“ – истакна директорот на Платежната Агенција на Р. Бугарија. 

Двајцата директори договорија и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете Платежни Агенции со кој практично ќе се овозможи и продлабочување на соработката се со цел полесно прилагодување кон сите системи на Европската Унија и можноста за искористување на што повеќе средства кој ќе ни бидат на располагање.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:АФПЗРРЗемјоделствоНиколче БабовскиПлатежни агенции од ЕУрурален развој
Претходен напис ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на повикот за Дигитализација на општините
Следен напис Хоџа: Ќе се заложам поддршката за жените земјоделки да се зголеми, уште во текот на наредната година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?