Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Извозот на свинско месо во ЕУ, ќе зависи од Африканската свинска чума во Германија – кој би можел да ги надокнади загубите?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Извозот на свинско месо во ЕУ, ќе зависи од Африканската свинска чума во Германија – кој би можел да ги надокнади загубите?
АгровестиПазари

Извозот на свинско месо во ЕУ, ќе зависи од Африканската свинска чума во Германија – кој би можел да ги надокнади загубите?

Објавено 10/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Растотот на извозот на свинско месо од Евроспката унија ќе биде значително забавен во наредниот период, бидејќи Германија се соочува со трговски ограничувања после појавата  на африканската свинска чума (ASK).

Имено, оваа земја е најголем производител на свинско месо во ЕУ, а забранета и е трговијата со главните земји извознички, вклучувајќи ја Кина и Јужна Кореја и тоа откако минатиот месец е откриена африканската свинска чума кај дивите свињи.

Се смета дека болеста во сојузната држава Бранденбург пристигнала од западна Полска, а според најновите податоци таму се потврдени 49 случаи на зараза.

Откако Европската комисија во првата половина на годината предвидела зголемување на извозот за 15%, вклучувајќи дуплирање на количините за Кина, таа проекција е значително променета. Имено, се очекува дека извозот на свинско месо од ЕУ ќе порасне за само 2% во текот на 2020 година, наведува Европската Комисија во извештајот за краткорочните изгледи.

Кои држави би можеле да ја надокнадат загубата?

Во претходниот извештај, беше прогнозиран  раст од 10% на испораките на свинско за цела година.

Но, во документот објавен  оваа недела  се вели дека развојот на извозот на свинско месо од ЕУ ќе зависи од способноста на Германија да ја запре болеста. Се напоменува дека празнините во снабдувањето на Кина и азискиот пазар можат делумно да се надоплнат од Данска, Шпанија и Холандија.

Во 2021 година се предвидува пад на извозот за 10%, дел и поради очекуваното намалување на кинеската побарувачка. Во ЕК сметаат дека растот сеедно не би продолжил, дури ни кога не би имало Aфриканска свинска треска во Германиј, бидејќи Кина интензивно го обновува сопственото производство на свињи.

Така на пример  во последниот период многу се зборуваше за фарма во Кина  на дури 12 спратови во која ќе се одгледуваат 840.000 свињи годишно.

Идната година е предвиден пад на производството за 1%

Во однос на  производството на свинско во ЕУ оваа година е предвиден пад од 0,5%, за разлика од тоа што во предходните проекции се предвидуваше пораст од 0,5%. Имено, се очекуваше дека избувнувањето на ASK во Германија ќе го убрза  опоравувањето на производството во третото тромесечие од годината.

“Како и да е пораст на производството во четвртото тромесечие би требало да се случи во Шпанија, Данска и Ирска, кои го прошириле производството  минатата година“, тврди комисијата која за следната година предвидува пад на производството на свинско месо во ЕУ за 1%.

Извор: Аgroklub.com

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ASKГерманијаеуизвозсвинско месо
Претходен напис Министерот Хоџа, оствари средба со пратеникот во турскиот парламент, Рефик Озен
Следен напис Викенд без ДДВ, три дена за купување домашни производи, услуги и ИТ-опрема
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?