Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Да се засилат контролите за спречување на појавата на птичји грип
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Да се засилат контролите за спречување на појавата на птичји грип
Агровести

Да се засилат контролите за спречување на појавата на птичји грип

Објавено 09/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство ги извести одгледувачите на живина, ветеринарните и ловните друштва да ги засилат биосигурносните мерки на фармите надзорот кај дивите птици поради опасноста од пренесување на вирусот на птичји грип во земјава преку преселните птици. Болеста е присутна кај домашните и дивите птици во Западна Русија и Северен Казахстан, каде во одредени области престојуваат неколку видови птици преселници, пред да се преселат во области каде презимуваат, а кои вклучуваат и делови од Европскиот континент. 

Живината и другите птици да се држат на начин со кој ќе се ограничи нивното движење надвор од живеалиштата, а одгледувачите треба да внимававаат и да се спречи контакт на домашната живина со дивите птици. Од особена важност е да не се врши поење и хранење на живината во дворовите, за да не се привлече вниманието на дивите птици. 

Да се внимава во јатата да не се внесува живина со непознат здравствен статус, а до надлежното ветеринарно друштво или официјалните ветеринари да се пријави промената во здравствената состојба на живината или зголемената смртност. Забрането е хранење на живината и другите домашни животни, првенствено кучиња и мачки со остатоци од диви птици зошто секој остаток од нив се третира како потенцијален извор на Авијарна инфлуенца. 

Бидејќи станува збор за болест која најчесто се шири преку птиците преселници, кои се сметаат за нејзин резервоар, за да се намали ризикот од појава или нејзино пренесување во земјава, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до ветеринарните и ловните друштва да го засилат надзорот, со вадење на крв од живината и земање на брисови за навремено тестирање на мртви и болни диви птици. 

Се препорачува да се врши дезинфекција на превозните средства за живина и диви птици, јајца за ведење, производи и нус – производи од живина и мрши. 
Бидејќи дивите птици се главни преносители на болеста, ловџиите по враќање од лов треба задолжително темелно да се измијат пред да стапат во контакт со живината која ја одгледуваат, а облеката која ја носеле кога биле во лов да не се користи во контакт со живината.

Авијарната инфлуенца е болест која задолжително се пријавува и затоа во најкраток можен рок, до надлежното ветеринарно друштво или официјалниот ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство одгледувачите на живина да пријават зголемена смртност или појава на клинички знаци на болеста во јатата, а ловџиите зголемена смртност кај  дивите или водните птици. Птичјиот грип е зооноза и од неа, првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето. 

Болеста предизвикува големи економски загуби во живинарството, а кај  птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, птичјиот грип предизвикува висока стапка на смртност. Од живината најчесто заболуваат кокошките и мисирките, а кај патките и гуските се развиваат само благи симптоми на болеста. 

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ахвзасилени контроликонтролиПтичји грип
Претходен напис После 25 години се чисти коритото на реката Шемница, во атарот на село Црнобуки
Следен напис Инспекторатот го растури живинарскиот пазар пред поликлиника ,,Бит Пазар“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?