Бразилското грозје (Plinia cauliflora), познато како жабутикаба, е растение со потекло од Јужна Америка, а особено е застапено во Парагвај, Аргентина и Бразил. Плодот е сочен, со виолетова боја и може да се набере и изеде директно од стеблото.

Популарна состојка е на желеата, а се користи и за правење на освежителни летни пијалоци. Може и да се ферментира и да се преработи во вино и жестоки пијалоци.
Дрвото се прилагодува на разни услови, иако преферира влажни и благо кислеи почви, но може да успее и на почва од алкален тип. Ако ова дрво се засади од семка, може да се чека дури и до 20 години додека растението не роди плод за јадење.
Додека расте, плодот е со светло зелена боја, а дури кога ќе стане зрел добива виолетова боја. Зрелите плодови имаат нешто поголем дијаметар од четири сантиметри.

Името жабутикаба доаѓа од изумрениот јазик тупи. Кога Европјаните прв пат стигнале во денешен Бразил, јазикот тупи се користел како lingua franca ( јазик кој ги преминува границите на земјата во која се зборува) и преживеал, и покрај подоцнежното системско сузбивање. „Жабути“ е збор од јазикот тупи кој значи желка, додека „кабата“ значи место. Значи, таму каде ќе го пронајдете ова стебло, ќе пронајдете и желки кои до стеблото доѓаат по лесен и вкусен оброк паднат на земја.

Според јазикот гварани, овој плод се нарекува ивапуру – каде „ива“ значи овошје, а „пуру“ е ономатопејски збор за крцкав звук кој се слуша кога ќе се загризе плодот.
Ако добро се наводнува, дрвото ќе цвета и ќе раѓа плодови во текот на целата година.
Освен што се користи како храна, плодот може да се исуши и да се користи за лечење на астма и дијареа. Се користи и за ублажување на воспаление на потечени крајници. Научниците се надеваат дека ќе можат да го искористат и во борбата против рак, бидејќи содржи одредени соединенија кои го забавуваат растот на малигните клетки.
Извор: Аgrosavjet.com
